05 Мај, 2024
0.0253

Како да се наполни финансиската „дупка“ за пензискиот фонд?

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Со предлог буџетот за 2018 година и натаму видливо е дека државата пренасочува огромни средства за социјални трансфери, поточно за покривање на „дупките“ во Пензискиот фонд со цел сите пензионери да добиваат редовни исплати. Според предлогот за исплата на пензиите од буџетот догодина ќе се издвојат 880 милиони евра што е за 34 милиони евра повеќе во однос на годинава. Финансиската дупка во државниот пензиски фонд станува се поголема и ќе мора да се најдат начини како да се пополни за што можеби ќе бидат неопходни и болни реформи. Меѓу нив се зголемување на старосната граница за пензионирање и зголемување на придонесите, што се и предлози на Светска банка која на повеќе наврати апелира за обезбедување на  одржливост на пензискиот систем. 

Според професорот Шукаров оваа година, но и следната ќе бидат најтешки за ПИОМ, а потоа притисокот постепено ќе се намалува. Пензионерите кои ќе добиваат пензија од првиот пензиски столб ќе ги има се помалку. За дваесет година пак идните пензионери ќе добиваат пари од две места. Од државниот ПИОМ но и од приватните пензиски фонда.

„Моите анализи покажуваат дека денешно учество од 13,8 проценти, да речеме, од буџетот ќе падне на 6,6 или тоа ќе претставува  од денешни 4,4 проценти учество во БДП ќе падне на 2,3 што е толерантен износ“, вели професорот Мирољуб Шукаров - за ТВ 24.

Од Министерството за труд велат дека се планира реформа на пензискиот систем. Формиран е посебен Совет од четворица министри, вицепремиерот за економски прашања и директорите на државниот и приватните пензиски фондови кои треба да најдат системско решение Најверојатно ќе се менуваат заменските стапки, односно процентите за определување на висината на пензиите и начинот на кој пензиските друштва ги инвестираат парите од приватните пензиски фонда.

„Членовите на Советот утврдија дека направените анализи се основа за предложување на законски измени на почетокот на 2018 година за адекватност на пензискиот систем и повисоки комбинирани пензии кои ќе се добиваат од првиот и вториот пензиски столб“, велат од Министерство за труд и социјална политика.

За разлика од државниот фонд, двата приватни пензиски фонда. КБ и НЛБ пензиски фонд се во одлична кондиција. Друштвата кои управуваат со нив, минатата година оствариле профит од 2.5 милиони евра.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години