05 Мај, 2024
0.0246

Како детето од Божјаковина градеше големо бизнис царство?

Објавено во: Балкан 25 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Продавал цвеќе и го заработил првиот милион, а баба му го ставила имотот под хипотека за бизнисот на внукот. 

Со претприемништво се занимава од 1976 година, а во 2010 година во интервју за Веречњи рекол дека само еднаш бил на одмор. 

„Бидејќи сум ловец еднаш бев на 12 дена во Африка. За жал, по 7 дена морав заради работа да се вратам. Тогаш за прв пат бев на некој друг континент. Никогаш не сум бил во Њујорк, Америка или Кина“ - вели Ивица Тодориќ за Вечерњи лист во октомври 2010 година. 

И тогаш Тодориќ имал проблеми со банките кои го притискале, Светската и Европската затоа што имал проблеми со враќање на кредити. 

Тогаш Тодориќ ги решил проблемите, но неговата компанија никогаш не била во проблеми како денес. 

Дали ширењето на компанијата достигнало такви размери така што ни Тодориќ не можел да ги достигне?

Во интервјуто Тодориќ се пожали дека нема пари, дека се вложил и дека инвестира. 

„Кажуваат Тодориќ е богат. Јас готовина нема, имам само акции во Агрокор, кој има акции од Конзум, Ледо итн. Не земав дивиденда од Агрокор, она што го добив, го инвестирав во погони во Хрватска“ - вели тој. 

Кој е навистина Ивица Тодориќ, човек чија биографија крие голема тајна?

Роден е на 2 јануари 1951 година во Загреб, а 12 дена подоцна е крстен како Иван во црквата во Клоштар Иваниќ. 

Кумови му биле Лука Бабиќ и Марица Туцковиќ. 

Неговите родители Анте и Мира Тодориќ, родена Поштек се венчале во 1950 година. Сестра му Јадранка е родена во 1952 година. 

Кога татко му по завршување на студиите по агрономија  во 1955 година станал директор на задруга, живееле во еден стан. 

Значи Тодориќ и сестра му Јадранка не пораснале во Згареб, туку во селото Божјаковина. 

Таму учел до 4 одделение, а од 6 одделение се префрлил во Дуго село затоа што објектот во Божјаковина се рушел. 

Тодориќ од родителите добивал подароци како автомобил на далечински управувач, што во тоа време било сензација. 

Не бил одличен, туку многу добар и добар ученик и бил рекордер во изостаноци, но класната му ги оправдувала. 

Во 1965 година завршил основно и се запишал во средно економско во Загреб, каде целото семејство се преселило. 

Татко му станал директор на Агрокомбинат Загреб и добиле стан во градот, по што почнале за нив еден нов живот. 

Сакал лов  и во 1969 година отишол со татко му во Унгарија, каде на лов на еден човек му кажал дека со златните заби личи на свиња, но оваа шега предизвикала проблем затоа што човекот израснал во Ријека и го знаел хравтскиот јазик. Ова било срам за делегацијата. По враќањето во родната земја Ивица Тодориќ морал секој месец да се јавува во полиција. 

По средното, Тодориќ се запишал на Економски факултет. Не бил брилијантен, но бил добар студент. 

Но, по хрватската пролет се покренува тужба против Анте Тодориќ. 

Тодориќ чукал на многу врати за да го спаси татко му од погонот и затвор, но залудно. 

Кога татко му бил осуден на долги години затвор, Ивица Тодориќ во суд рекол дека ќе се одмазди за татко му. 

Додека татко му бил во затвор, тие биле во станот и на тој начин го чувале затоа што имотот требал да му се одземе. Ивица Тодориќ ги прекинал студиите, а потоа ги продолжил. Иако татко му имал добра пензија, тоа не било доволно да ги покријат трошоците. 

Ивица купувал јајца од фарми, ги продавал по станови во Загреб, и така заработувал. 

Татко му од затвор во Стара Градишка е пуштен во 1977 година. Бил осуден на 8 години затвор, потоа му била намалена казната на 6 години, а на крај одлежал нешто повеќе од 4 години со обврска да се јавува во полиција. 

Сакале да почнат бизнис со цвеќе, бизнис кој тогаш не можел така лесно да пропадне во Југославија, а татко му имал знаење. За да почнат со работа, им требале пари, па затоа земале кредит и позајмиле пари од пријатели. 

Баба му ја ставила куќата под хипотека за да земат кредит. Направиле пластеници, имале 5 работници кои биле уредно пријавени и платени, а бизнисот со цвеќе бил полн погодок и тоа биле почетоци на Агрокор. 

Во 1989 година кога Анте Марковиќ направил економски реформи, Ивица Тодориќ го регистрирал Агрокор, но не се занимавал само со цвеќе, туку и со увоз и извоз. 

Војната во Хрватска ја дочекале со 1000 вработени, а се придржувале до мудроста дека бизнис не се прави со свои пари, туку со туѓи. 

Агрокор подоцна купил повеќе фирми, но тоа не било можно без политички врски. 

За нив 1994 година бил најплодна. Подоцна во едно интервју Тодориќ рекол дека Агрокор е негов сон, а да почнал со текстил би пропаднал и свесен бил дека комунизмот нема да издржи. 

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река

ДИЈАНА ЃОКОВИЌ, МАЈКАТА НА НОВАК ЈА ПРОМЕНИЛА ВЕРАTA: Родителите не ме учеа да верувам во Бога

ДИЈАНА ЃОКОВИЌ, МАЈКАТА НА НОВАК ЈА ПРОМЕНИЛА ВЕРАTA: Родителите не ме учеа да верувам во Бога

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари