29 Април, 2024
0.0284

Како добивката на „Фершпед“ порасна за 66 отсто?

Објавено во: Економија 20 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Најголемата македонска шпедиција има нето добивка од 1,44 милиони евра за првите девет месеци годинава и во споредба со лани овој резултат е подобар за 66 отсто. Бројките што се достапни покажуваат солиден и континуиран пораст на приходите од продажба кој обезбедува раст на оперативната добивка

Секоја акција на најголемата македонска шпедитерска компанија „Фершпед“ за првите двет месеци годинава носи профит од 80 евра, покажуваат официјалните податоци од неконсолидираниот биланс на успех на оваа компанија. „Фершпед“ годинава во споредба со лани бележи значајно подобрување на финансиските резултати од оперативното работење. Расте приходот од продажба и тој во целост е генериран од домашниот шпедитерски пазар. За првите девет месеци приходот од продажба на „Фершпед“ е 41,44 милиони евра и за 3,8 милиони евра поголем од истиот период лани. Домашната продажба бележи солиден раст. Таа изнесува 39,78 милиони евра и во однос на истиот период лани е поголема за 4,3 милиони евра.

Клучот на успехот на „Фершпед“ е во тоа што растот на расходите не е пропорционален односно е понизок од растот на приходите од продажба. Тие во истиот период пораснале за 3,33 милиони евра во однос на лани и достигнале 40,1 милиони евра. Вкупните приходи од продажба во истиот период се поголеми од растот на расходите за речиси 0,5 милиони евра. Тоа е речиси идентично со растот на оперативната добивка која е за 0,53 милиони евра поголема од реализираната во истиот период лани.

Нето добивката на „Фершпед“ до крај на септември е 1,44 милиони евра и во споредба со лани е повисока за 66 отсто. Многу е значајно за „Фершпед“ тоа што компанијата во континуитет ги намалува финансиските расходи. Тие се сведени на нешто над 153.000 евра за првите девет месеци, а во истиот период лани изнесувале 25.300 евра повеќе.

Во последните три месеци односно периодот јули – септември компанијата ги остварила следниве резултати: приходите од продажба изнесуваат 14,54 милиони евра и се над кварталниот просек за првите две тромесечја. Оперативните расходи се исто така над просекот за првите два квартали и изнесуваат 14,34 милиони евра. Оперативната добивка е 0,3 милиони евра, а нето добивката пораснала за 0,2 милиони евра. 


Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја