Како го направи „Комерцијална банка“ успехот со намалено кредитирање и приходи од камати
Објавено во: Економија 01 Август, 2018
Иако го намали кредитирањето за една милијарда денари, Комерцијална банка го постигна својот најголем полугодишен успех во последните пет години.
Банката има добивка од 21,5 милиони евра остварена од почетокот на годината па до крајот на јуни 2018-та, а една од причините е тоа што повеќе го нема товарот наречен „Фени Индустри“.
Истовремено, „Комерцијална“ има помали приходи од камати во споредба со истиот период лани, што го прави успехот уште поголем за кој пишува „Фактор“.