KAKO ИМ УСПЕА: Мала земја направи бум
Објавено во: Финансии 09 Јули, 2018
Пред заминувањето на Британците имаа многу слаба економија која мораа да ја оживеат.
Малта која има нешто повеќе од 400.000 жители за неколку децении стана просперитетна земја.
До средината на шеесетите години пружале услуги на британската војска која кај нив била сместена, а потоа морале практично да тргнат од нула.
Економијата им се засновала на туризам и индустрија, а со евтина работна сила привлекле инвеститори.
Потоа во експанзија биле електрониката и инженерството.
Денес најважни сектори им се туризам, финансии, здравствени услуги, креативна индустрија.
Тие имаат мали компании, односно 95 отсто од нив се со помалку од 10 вработени.