29 Април, 2024
0.0329

Како КХВ се откажа од приход во интерес на берзата?

Објавено во: Економија 18 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

По повеќе години КХВ одлучи да го корегира начинот на кој го пресметува надоместокот што го наплаќа од берзата така што тој ќе се намали и ќе стане помал расход кој ќе произлезе од реалното работење на берзата. Со тоа на берзата ќе и останат повеќе средства за развојни проекти

Комисијата за хартии од вредност одлучи да го смени концептот по кој наплаќа надомест од Македонската берза за хартии од вредност. Ова е голема, многу важна и позитивна новина што ја донесе новата претседателка на КХВ Нора Алити затоа што реално значајно ќе го намали трошокот на Македонската берза спрема КХВ.

Официјално информацијата ја потврди КХВ во соопштението за јавност во кое пишува дека конпцетот односно моделот за пресметка на надоместокот што се наплаќа од Македонска берза ќе се промени и од почеток на идната година ќе се наплаќа надоместок од приходите што берзата ги остварува.

Што всушност се менува?

Во изминативе пет години КХВ на Македонска берза и наплаќаше надоместок во износ од 0,006 отсто од пазарната капитализација на сите фирми чии акции се листани на пазарните сегменти на берзата. Тоа за берзата беше голем расход затоа што требаше да плати трошок кој не произлегува од нејзиниот реален приход. Менаџментот на берзата се обидуваше со сите расположливи средства да ги изнесе своите агрументи, но за жал од КХВ неколку години немаше слух и разбирање за оваа состојба. Лани во втората половина на годината беше одржан и состанок меѓу КХВ, берзата и Министерството за финансии при што министерството побара од КХВ да го корегира начинот на кој наплаќа од берзата. Токму новата одлука на КХВ е резултат на таа иницијатива на берзата и на поддршката што ја доби од Министерството за финансии. 
Проблемот со стариот концепт на утврдување на надоместокот што берзата го плаќаше кон КХВ е во тоа што надоместокот утврден врз основа на промил од пазарна капитализација на компаниите не кореспондира со приходите што ги остварува берзата затоа што пазарната капитализација сама за себе не ги создава приходите на берзата туку тие произлегуваат од обемот на тргување со хартии од вредност. Така според стариот концепт берзата за лани плати на КХВ околу 150.000 евра за годишен надоместок и тоа е 27,5 отсто од целиот расход на берзата лани.. Берзата предлагаше концептот да се промени на тој начин трошокот односно надоместокот што се плаќа на КХВ да произлегува од нејзиниот реално остварен приход.

Токму тоа е новиот начин на кој берзата ќе го плаќа нејзиниот трошок кон КХВ. Од почетокот на идната година берзата ќе праќа дел од приходот што го остварува од тргување со хартии од вредност.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка