13 Мај, 2024
0.0237

Како ќе знаете дали сте метеопат?!

Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Дождот ги смурти лицата на граѓаните! Депресија и анксиозност поради променливото време! Пролет во ноември, зима во мај-ова се најчестите промени во температурите во текот на годината кога се повеќе луѓе страдаат од главоболка, ревматски или кардиоваскуларни заболувања. Службите на Итната медицинска помош се со полни раце работа, чекалните на амбулантите пак се преполни со пациенти. Ова е сликата која деновиве може да се види низ здравствените ходници. Променливото време директно влијае и на расположението и здравјето на граѓаните. Хронично болните, старите лица и бремените жени-први на удар-велат лекарите. Болните најчесто се жалат на нагли промени на крвниот притисок, главоболка, но и ревматски заболувања кај кои временските промени директно влијаат на влошување на состојбата. “Променливото време делува на лугето, на нивното психофизичко здравје. Ние сме постојано во интеракција со со околината , делуваме на неа, а таа на нас. Докажано е дека со намалување на сончевите денови се намалува и лачењето на сератонин –хормон на доброто расположение што доведува до намалување на расположението, а кај луѓе кои се особено склони на промени во расположението и до симптоми на депресија. Временските промени водат до засилување на тешкотиите кај ревматичните болести, разни дегенеративни промени на апаратот за движење, влошување на хроничниоте болести што пак доведува повторно до промени во расположението и намалување на доброто чувство” -вели психологот и психотерапевт Мирјана Јовановска-Стојановска. Добриот сон делува на доброто расположение и здравјето! Грижата за здравјето велат започнува со добар сон. Преед да се појават првите симптоми на непријатно чувство, нервоза, главоболка или телесна омалаксаност треба на организмот да му се понуди здрава и правилна исхрана и добар сон. Телото кое е физички одморено, потхрането со свежа исхрана, сокови и вода во доволна мера, веднаш позитивните резултати ги исфрла на површина. Животните проблеми, без разлика дали се здравствени, семејни, љубовни или професионални пред да се натрупааат треба постепено да се решат. Оптималното ниво на физичка активност по избор на индивидуалецот која може да се движи од активно спортување, танцување , фитнес, пешачење,возење велосипед, дополнително ќе му ја олесни на организмот борбата со депресијата и променливото расположение. “Раздразливоста е болест на модерното време а не одлика на некоја нација. Несигурноста, стравот, неизвесноста и сиромаштијата само ја поттикнуваат да се развие во размери на честа нервоза. Кога оваа состојба на нервоза и непријатност трае континуирано некое време, кога најчесто личноста сака да побегне сама од себе, а потоа и од другите, намаленото расположение или анксиозност трае континуирано повеќе од 3-4 недели, тогаш веднаш би требало да се побара стручна помош од психолог-психотерапевт. Лошото расположение и депресијата директно влијаат на работоспособноста и функционалноста во секојдневното живеење и затоа стручната подршка ќе му помогне полесно да ги согледа причините за намаленото расположение,а ќе најде и заеднички начин да се избори со овие промени- додава психотерапевтот Стојановска. Комбинирана терапија и справување со проблемите! Таа додава дека, понекогаш е потребна и комбинирана терапија за која денес се вели дека е еден од најуспешните начини за борба против депресијата и анксиозноста. Ова е комбинација од психотерапија и медикаментозна терапија. “Не дозволувајте да живеете затворени во ѕидовите на депресијата –побарајте помош” -вели Стојановска. Медикаментозната терапија ја одредува психијатар, но за психотерапијата ќе треба да најдете психотерапевт кој има завршено едукација од некој психотераписки модалитет бидејќи не секој психијатар или психолог е психотерапевт. Проблемите, според неа полесно се решаваат, кога навреме ќе бидат детектирани. Сведоци сме на нагли климатски промени и на големи температурни разлики. И специјалистот по општа медицина д-р Александар Андоновиќ, вели дека се повеќе луѓе и се почесто се жалат на тегоби што обично ги поврзува со промените на времето .Статистиките покажуваат дека речиси 65% од популацијата се жали на различни тегоби поврзани со промената на временските услови во кои живеат (нагла промена на температурата,влажност на воздухот,варијации на атмосферскиот притисок,ветер ), кои се одразуваат на здравјето и расположението .Во догледно време чувствителноста и реакциите на нашиот организам, според него ке станат болест на современиот човек. Појавата на се поголем број метеопати му се припишува на современиот начин на живот денес,кој се повеќе се одвива во затворени простории,климатизирани кадешто битно е намалена способноста за природно адаптирање на организмот кон различните временски услови, без спорт, малку рекреација и внесување на храна полна со маснотии и шеќери, а со малку витамини и минерали. Како ќе знаете дали сте метеопат?! Кога е топло ве боли глава,а кога врне дожд ви е лошо! Доволно е да ја следите временската прогноза,па да знаете како ќе се чувствувате наредниот ден. Мачнина,главоболка,напнатост,раздразливост-сето тоа кажува дека сте метеопат(зависник од временските нагли промени). . “Типични показатели за чувствителноста на временските промени се главоболка, мигрена, несоница, пореметено спиење, мачнина,слабост, променливо расположение, пореметување во работата на срцето, болки во коските и зглобовите,болки во старите зараснати рани. Последици од влијанието на времето чувствуваат и лица со некои хронични болести,чии симптоми под дејство на временските промени се усложнуваат (од малите деца до возрасните луѓе), и затоа обично 24-48часа пред временските промени,овие луѓе ги чувствуваат промените во симптоматологијата на болеста. Најчесто тоа се депресивни состојби,главоболка,вртоглавица,слабост,покачен крвен притисок,болки во мускулите и зглобовите и тн.,влошена состојба на болните органи. Без разлика за кое годишно време станува збор,дали за топол период зиме или пак за ладен период лете,симптомите се исти”- вели д-р Александар Андоновиќ - специјалист по општа медицина. Стануваат ли луѓето хронични метеопати?! Секогаш кога времето или поточно температурата се менува,во атмосферата се создаваат електромагнетски импулси кои влијаат на човечкиот организам.Особено наглите промени на температурата,притисокот и влажноста-го оптоваруваат истиот. Некои луѓе не се свесни за промените,кои што како последица од временските-нагли промени,се случуваат во нив, а некои се повеќе или помалку чувствителни на нив. Познато е дека,секоја нагла промена на временските услови,се одразува на луѓето кои имаат проблеми со срцето,крвните садови,белите дробови,нервниот систем,пробавниот систем и зглобовите.Покрај времето,врз нашиот организам влијаат и магнетните бури-кои доаѓаат од сонцето.Како да се заштитиме од тие природни фактори? “Метеролошките промени најтешко им паѓаат на оние луѓе кои имаат висок крвен притисок и некое срцево заболубање.Затоа што реакцијата на временските промени(нагли),може да доведе до инфаркт или до хипертензивна криза.За да не зависите премногу од временските промени,требе да превземете одредени превентивни мерки.Кога знаете дека времето ќе се менува,избегнувајте поголем физички напор или стрес.Одвоите време за опуштање и одмор.Водете сметка да сте наспани(минимум спиење 7 часа).Метеопати мораат секојдневно да бидат 1час на свеж воздух,далеку од сообраќајните гужви и уличната врева.Пешачете што повеќе,практикувајте секојдневна утринска гимнастика-тоа е одличен тренинг за кардиоваскуларниот систем.Иако најзагрозени се оние од средни години,особено жените,метеопатијата ги погодува сителуѓе”-вели д-р Андоновиќ. Превенцијата се сложуваат и лекарите и психотерапевтите е клучна во надминување на негативното расположение, анксиозноста и депресијата. Модерни болести кои не бираат возраст, ниту пол, ако навреме не се стават под контрола ќе го уништат и паричникот и хармонијата во домот и надвор од него. ”Можам, знам и сакам” според нив, се златното правило во надминувањето на проблемите, независно дали истите се предизвикани од променливото време или од стресното секојдневие. С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“