Како конфекциите го всадија Ковид-19 во Штип: Градот е прв на листата по заболени
Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2020
Како Штип стана град со најмногу заболени од Ковид-19?
Моментно градот е прв на листата во земјава по бројот на регистрирани позитивни случаи на 100.000 жители. Според податоци заклучно со вчера, таму имало 393 заболени на 100.000 жители. Во Куманово кој е втор на листата има 389,7 заболени на 100.000 жители, во Прилеп 228,7 на 100.000, а во Велес 217,3 заболени случаи на 100.000 жители. Следува главниот град кој моментно во број има најмногу заболени, но поради вкупниот број жители врпочем не е на првото место, затоа што на 100.000 жители Скопје имал 215,7 заболени.
Следен е Дебар со 191 заболен на 100.000, па Струга, Тетово и Кочани.
Градоначалникот на Штип, Благоја Бочварски за Фактор изјави дека најголемиот број на инфицирани во овој момент се вработени од неколкуте конфекциски фабрики, потенцирајќи дека тоа е дирекна последица од начинот на кој се превезувани до работните места. Тој најави и масовен скрининг на работниците, а дека конфекциите ќе останат затворени додека не се создадат услови за нивно безбедно враќање на работните места.