26 Декември, 2024
0.0300

ИНТЕРВЈУ БОЧВАРСКИ-ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШТИП: Ќе бидат казнети превозниците за несоодветно превезување на работниците до конфекциите

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Луѓето не веруваа дека вирусот постои, затоа имаме втор бран на зараза со Ковид-19 во Штип, иако градот беше пред прогласување победа над корона вирусот, вели во интервју за Фактор, првиот човек на градот Штип, Благоја Бочварски. Најголемиот број на инфицирани во овој момент се вработени од неколкуте конфекциски фабрики, нагласува градоначалникот, потенцирајќи дека тоа е дирекна последица од начинот на кој се превезувани до работните места. Градоначалникот Бочварски потенцира во текот на овој продолжен викенд се врши масовниот скрининг на работниците и дека веќе во понеделник треба да има резултати од тестовите. Секако, како што вели, очекува да има новозаразени, и додава дека конфекциите ќе останат затворени додека не се создадат услови за нивно безбедно враќање на работните места.

До демеска најдоцна треба да заврши скринингот на вработените во конфекциите, има ли резултати од досега направените тестови?

Во текот на изминатите денови се врши масовно тестирање на работници и работнички од текстилната индустрија. Се работи за повеќе од  800 вработени од 7 текстилни компании во Штип, или нешто над 10% од овој сектор. Во текот на овој продолжен викенд, ќе бидат тестирани околу 430 лица по што ќе ги очекуваме резултатите. Јасно е дека овие неколку дена ќе има нови позитивни случаеви, но тоа покажува дека нашиот систем на брза детекција функционира, пред се овде мислам на здравствениот систем, но и на општинскиот и главниот штаб кои се во постојана комуникација.

Штип е еден од градовите каде што овој викенд ќе има целосна забрана за движење од четврток до понеделник наутро, затоа испратив и барање до Главниот штаб во Владата и побарав да биде донесен посебен акт со кој ќе има целосна забрана за работа на сите текстилни фабрики во градот, без можност преку инспекторатите да добијат било каква дозвола за работа овој викенд. 

Убеден сум дека во моменти на целосено затворање за градот и забрана за движење за сите граѓани, недозволиво е во оваа индустрија да се работи, токму таму каде што во моментот имаме поголем број случи на заразени граѓани.

Сметам дека во овој момент треба пред своите индивидуални интереси да ја имаме обврската да бидеме солидарни и да го држиме правецот на заштита на личното и колективното здравје на граѓаните. Тоа е наша заедничка обврска која ни ја носи ова време вклучувајќи ги институциите, граѓаните и стопанствениците со цел да спречиме состојбата со Ковид-19 да излезе од контрола.

Затоа во овој момент секој, ама буквално секој треба да се откаже од нешто за интересот на сите.

Јас се надевам дека преку овој наш јасен пристап со насоки кон секој општествен чинител во овој момент  и поддршка од граѓаните ќе придонесеме по викендот бројките на заразени почнат да паѓаат, вработените да се вратат на работните места, а со тоа и економијата да се стабилизира.

Има информации дека и покрај затворањето на шесте конфекциски фабрики од каде беа регистрирани позитивни на корона вирусот, дека сепак работат. Се прави ли увид на терен дали е тоа навистина така и дали ќе има санкции за сопствениците?

Според насоките вработените од секоја конфекција се тестираат во просторот на фабриката во претходно утврден тајминг од страна на ЦЈЗ и веднаш после нивниот термин за тестирање ослободуваат и се враќаат дома во задолжителна изолација се до добивање на резултати. Од ова не смее да има отстапка. Затоа го покренав и прашањето на целосна забрана за работа на целиот овој гломазен сектор во градот во текот на викендот, и за среќа успеавме можеби прв пат Владата да донесе таква мерка и до крај да биде испочитувана од сите 70 компании.

Вицепремиерот Бујар османи најави дека во компаниите ќе бидат вработувани Ковид-координатори, разговаравте ли за ова и каков е вашиот став во однос на ова прашање?

Ова е предлог за кој разговаравме со Вицепремиерот Бујар Османи на состанокот на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Штип, каде што беше присутен и претставник на текстилниот кластер, и претставник на невладината организација за заштита на работниците Гласен Текстилец. Ова барање е апсолутно остварливо и прифатливо со цел заштита на здравјето на граѓаните. Целта на тој координатор е да внимава дали во текот на работниот процес, но и на паузите се почитуваат препораките во делот на носење на заштитна маска и веднаш да укажува доколку дојде до групирање на вработените.

Која е главната причина за нов бран на заразени со Ковид-19 во Штип, градот беше буквално во состојба да прогласи победа над вирусот?

Јас бев задоволен поради фактот што успеавме да го надминеме првиот бран на вирусот со помал број на заразени и се заблагодарив на граѓаните за вклученоста и соработката во целиот овој период.

Како градоначалник на Општина Штип досега во рамки на нашите ингеренции превземав серија на мерки за заштита на колективното здравје и безбедност на граѓаните, како дезинфекција на улици и плоштади, паркови и детски игралишта, простори пред маркети и аптеки, па дури и станбени влезови. Направивме пунктови за дезинфекција на возила, формиравме мобилни тимови преку кои помогнавме на преку 280 стари и изнемоштени лица. Обезбедивме 23 илјади заштитни маски и беа поделени пред конфекциите на пазарите, на институциите, а поделивме и над 1200 пакети за социјално загрозени семејства.

Сметам дека малото опуштање кое се чувствување во јавноста, и секако најлошиот момент во целиот овој период кој ни одзеде многу енергија, е тоа дека ние се боревме и со најразлични структури кои секојдневно ширеа лажна пропаганда дека вирусот не постои. За жал некои граѓани повеќе веруваа на овие лаги и ги игнорираа препораките на институциите.

Секако овде е и превозот на работниците, кој во даден момент веројатно не беше најдобро организиран. Тоа го констатираа и инспекторите кои беа на терен и увидоа превоз кој беше според сега пропишаните нормативи, а дел кој отстапуваше. 

Ќе следуваат ли казни за превозниците кои несоодветно превезувале работници до штипските конфекции?

Секако, повеќе инспектори беа на терен, а казни за прекршувањата ќе има.

Дали ако и понатаму расте бројот на заразени кои работат во конфекциите е можно конфекциските фабрики извесен период да го запрат производството и како тоа би се одразило на економски план врз општината?

Најпрво би сакал да истакнам дека тоа не е одлука која ја носам јас или Општина Штип. Такви насоки во овој момент може да даде Комисијата за заразни болести при Владата, која е најстручна да даде свое мислење, базирано врз сериозни анализи. 

Според мене тоа би било многу едноставна одлука која и досега ќе беше донесена, доколку би знаеле колку време е потребно да бидат затворени текстилните фабрики со цел запирање на ширењето на заразата. Но, ние речиси 3 месеци живееме со овој проблем, а според најавите ќе мораме да се бориме со него и во иднина, во наредните 6 месеци можеби и една година. Во такви услови ви тврдам дека било кој сектор во државата, па и во светот, доколку би бил затворен повеќе од 6 месеци или една година тоа би значело крах на тој сектор во еден огромен дел, а со тоа и луѓе на улица и без егзистенција.

Овде најважно е прашањето, колку брзо можеме да ги таргетираме заболените и нивните контакти, а со тоа веднаш да се пристапи кон времено затворање на таа фабрика и ставање во изолација на тие луѓе. Доколку имаме и соработка со работниците и тие искрено пристапат во откривање на контактите во и надвор од работните места, можеме брзо да го затвориме кругот, а со тоа и да не дојде до поголемо ширење на инфекцијата.  Затоа да се прилагодиме и да внимаваме, да бидеме дисциплинирани, да научиме да живееме со вирусот се до пронаоѓање на вакцина за Ковид-19.

Јас верувам дека овој период ќе остави последици на сите народи и држави и дека ќе не научи на повеќе дисциплина, повеќе да се почитуваме и да си помагаме, затоа што Ковид-19 покажа на целото човештво и на најголемите светски сили, колку сме само ранливи, убеден сум дека ќе биде поука за сите нас, колку само е потребна взаемна поддршка, разбирање и солидарност.  

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници