30 Април, 2024
0.0260

Како лани валаше „Макстил“?

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Приходите од продажба се значајно зголемени, но тоа слабо ќе ги згрее срцата на акционерите. Добивката е само 1,56 милиони денари, а приходот од продажба е околу 95 милиони евра.

Македонската челичарница, која произведува челичарски слабови и дебеловалани лимови лани оствари приходи од продажба во износ од 5,77 милијарди денари односно околу 95 милиони евра. Овој резултат е значајно подобар од 2016 година приходите биле помали за 2,1 милијарди денари, покажуваат официјалните резултати што ги објави компанијата.
Во структурата на приходите доминира извозот и тој донел 4,58 милијарди денари што е за 59 отсто подобро остварување од 2016 година. Продажбите дома на крај на декември лани се на ниво од 1,14 милијарди денари и бележат раст за 44 отсто.

Како и да зголемениот обем на работа уште не може да ги зарадува акционерите. Добивката на „Макстил“ е 1,56 милиони денари односно околу 25.000 евра и е на ниво од 2016 година. Од компанијата објаснуваат дека иако има значајно подобрување сепак и понатаму, заради светските непогодни прилики во челичната индустрија, нивото на искористеност на капацитетите на „Макстил“ е далеку под инсталираниот капацитет и заради тоа уделот на фиксните трошоци е голем предизвик во нивното работење и покрај зголемената продукција. Ова е објаснувањето од компанијата: „Реализацијата  во количински показатели е 222.949,3т. што споредено со 165.593,8т. во 2016 претставува зголемување од 34,6%, додека приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи се цца 3,7милијарди денари и се само незначително поголеми од остварените  во 2016. Објаснувањето е во  структурата на испораките изначително поголемото учество на преработките и тоа првенствено на преработките од набавен слаб каде надоместокот е помал) споредено со сопствените продажби во земјата и во странство.“

Рак рака се финансиските расходи

Финансиските расходи на компанијата лани достигнале 109,85 милиони денари што значи дека тоа се трошоците за: во најголема мерка за камати и доколку има и за курсни разлики. Тие трошоци во споредба со 2016 година лани се поголеми за 41 отсто. Од билансот на состојба се гледа дека компанијата на крајот на минатата година должела на банки речиси 3,1 милијарди денари. Од тоа значајно големо е учеството на обврските за краткорочни кредити и е во износ од 2,77 милијарди денари. Обврските за долгорочни кредити се 315 милиони денари и се пониски за 13 отсто во споредба со 2016 година.

Компанијата има акумулирана загуба која надминува 50 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови