03 Мај, 2024
0.0809

Како Македонија стана голем притвор за Груевски и другарите!?

Објавено во: Македонија 04 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не ја доби најстрогата мерка за обезбедување. Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 одлучи на обвинетиот Груевски да не му додели притвор како што бараше Специјалното јавно обвинителство, но му го одзеде пасошот и му наметна обврска секоја недела да се јавува во судот. Никола Груевски не е во затворска ќелија, но е затворен во Македонија и не смее да ја напушта. 

Груевски не се огласи откако остана без патна исправа. Тој на неговиот фејзбук профил попладнето само сподели кусо видео од средбата со медијаторот за спорот со името, Метју Нимиц. 

Поранешниот премиер, кој сега е пратеник, од евентуален притвор го штити имунитетот . Тој на 30 јуни, денот кога СЈО го поднесе обвинението за случајот „Титаник“, поднел барање за симнување на пратеничкиот имунитет. Причината за овој потег Груевски не ја образложи, но пораката која се обиде да ја испрати пред своите е дека е подготвен да оди и во притвор и нема да се повикува на привилегијата која што му го дава функцијата во Собранието. Сепак, спикерот Талат Џафери, образложи дека пратеник не може да се откаже од имунитетот. Туку Собранието може да му го одземе само по барање на суд. 

Кривичниот суд не им определи мерка притвор ни на Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Мартин Протоѓер, обвинети од СЈО за случајот „Титаник 1“, но одлучи да им ги одземе патните исправи. Без пасош ќе остане и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и уште три лица. Со ова, бројот на одземени патни исправи од страна на судот за поднесените 17 обвиненија од СЈО се искачи на 38.

Правната битка продолжува: СЈО и обвинетите најавија жалби

По донесување на одлуките, Судот го известува МВР дека донел решенија за одземање на патни исправи а полицијата ги внесува лицата во системот и со тоа ќе го спречи нивното напуштање на државата без разлика дали ќе приложат пасош од друга држава. Дел од обвинетите имаат и дипломатски пасоши, но и тие им се одземени. Сите обвинети кои се опфатени во мерките кои ги изрече судот имаат право на жалба. Жалби најавија и СЈО и обвинетите.

Жалбите се поднесуваат во рок од 72 часа од донесувањето на одлуката до Апелациониот суд, кој има рок од два дена од примањето на жалбата да се произнесе или да ја прифати или да ја отфрли.

Кривичниот суд како пасошко одделение

Одлуката за Груевски на интернет сајтот на Кривичниот суд беше објавена дури 16 часа по истекот на рокот за донесување на решението. Цел ден страната не беше достапна, а за медиумите не беше достапен ни в.д. претседателот на Судот, Стојанче Рибарев. 

Непосредно пред соопштување на одлуката за Груевски и останатите обвинети во случајот „Титаник 1“дека нити еден од обвинетите нема да добие притвор, Рибарев ги свикал на колегиум сите судии за да им соопшти дека направил нов годишен распоред. Со тој распоред кој ќе биде на сила само за време на одморите, Рибарев ги враќа на старите работни места судиите што претходно ги тргна од предметите на Специјалното јавно обвинителство. Односно в.д. претседателот за време на летната ферија, кога судиите колективно одат на одмор, во кривичниот оддел ги врати сите истакнати и долгогодишни судии кои претходно ги прати или во одделот за прекршоци или во оддел кај што се судат стари предмети. 

Од судот негираат дека новиот распоред на судиите бил поврзан со  предметите на Специјалното јавно обвинителство.

Од страна на СЈО во текот на 29.06.2017 година и вечерта на 30.06.2017 година до Кривичниот суд беа доставени вкупно 6 обвинителни акта од кои за 5 беа доставени предлози за определување мерки за обезбедување присуство и мерки претпазливост против 13 лица. Во одделението за Организиран криминал и корупција биле доставени вкупно 11 обвинителни акта од кои за 10 биле доставени предлози за определување мерки за обезбедување присуство и мерки претпазливост против 54 лица.

Ниту еден од обвинетите не заврши во притвор. 

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ