08 Мај, 2024
0.0249

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?

За имотот да биде осигурен од ризикот земјотрес, најпрво, потребно е истиот да биде вклучен во полиса за основно осигурување имот, односно во полиса за осигурување од пожар и некои други опасности. Во оваа полиса спаѓаат основните ризици.

Објавено во: Економија 18 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Серијата земјотреси што се случија изминатиов период во Скопје, предизвикаа паника кај граѓаните, но и зголемен интерес за купување полиси за осигурување од ризик земјотрес. Од дел од осигурителните компании во земјава потврдуваат дека изминативе денови се повеќе граѓани се интересираат за овој вид осигурување.

„Точно е дека има поголем интерес за осигурување по последните непогоди кои ги имаше во Скопје и околината. Но ова не е невообичаена пракса, напротив. Нашите клиенти секојдневно ги потсетуваме на важноста да го осигураат она што цел живот го граделе и го чуваат т.е. домот. Нудиме и разни поволности, со цел да им биде прифатлив износот, да не им претставува терет на семејниот буџет“, вели Божидар Менкиоски, од сектор за управување со осигурително портфолио во „Кроација осигурување АД друштво за неживотно осигурување“ .

И од Агенцијата за супервизија на осигурување потврдуваат дека по серијта земјотреси, интересот за купување осигурителни полиси со ризик земјотрес е драстично зголемен, за разлика од претходниот период

„Од минатиот понеделник досега се забележува зголемување на продажбата на полиси за овој вид осигурување.Засега немаме некоја официјална статистичка бројка, но информациите од осигурителните друштва се дека има енормно голем интерс.Години наназад ние немавме адекватна понуда на осигурување од ризик земјотрес, па и од ризик поплава од страна на друштвата за осигурување. Имавме проблеми и на страната на понудата и на страната на побарувачката“, изјави Климе Поповски, директор на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Што покрива осигурувањето на имот?

Од „Кроација осигурување“ посочуваат дека  осигурувањето на имот е  широка категорија која опфаќа голем дијапазон на ризици кои може да бидат предмет на осигурување зависно од видот и намената на имотот, односно дали се работи за цивилен имот или производствен капацитет.

„Секое имотно осигурување вообичаено ги покрива основите имотни ризици како што се: пожар; оштетувања настанати како резултат на гром, град и луња, експлозии, излевање на вода од водоводни, канализациони и топловодни инсталации, штети предизвикани од манифестации и демонстрации и слично. Осигурителното покритие може да опфати и други опасности кои поради својата специфичност ги сврстуваме во групата на дополнителни ризици, во кои спаѓаат: поплава, порој и високи води предизвикани од атмосферски влијанија, за жал ризик кој е прилично актуелен во тековниот период, потоа, земјотрес, лизгање и одронување на земјиште, снежна лавина, слегнување на тло и слично“, вели Менкиоски.

Бидејќи земјотресот спаѓа во групата на дополнителни ризици, пресметката за цената на полисата зависи од неколку фактори.

„Како што напоменав, земјотресот претставува дополнителен ризик и истиот одделно се тарифира/пресметува како и сите останати дополнителни ризици, односно повлекуваат дополнителна пресметка на премија поради специфичноста на овие ризици. Самата пресметка зависи од повеќе фактори, меѓу кои разбирливо и сеизмолошките карактеристики на конкретното подрачје, околината, применетите заштитни мерки, можните надворешни опасности и слично“, вели Менкиоски.

Како да се осигура имот од ризик земјотрес?

Осигурувањето од ризик земјотрес влегува во основното имотно осигурување. Штетите по ризикот земјотрес се исплаќаат откако ќе се случат, и бидејќи можат да  бидат и катастрофални најголем дел од ризикот по основ на земјотрес се пренеусува во странска реосигурителна компанија со висок кредитот рејтинг.

„За имотот да биде осигурен од ризикот земјотрес, најпрво, потребно е  истиот да биде вклучен во полиса за основно осигурување имот, односно во полиса за осигурување од пожар и некои други опасности. Во оваа полиса спаѓаат основните ризици. Со дополнителна пресметка, кон полисата може да се приклучи и ризикот земјотрес како и некои од останатите дополнителни ризици согласно потребите на осигуреникот. Штети по ризикот земјотрес се исплаќаат по настанување на осигурениот настан врз основа на извештај за загуби од овластени проценители и по комплетирање на целосна документација. Со оглед на тоа дека штетите по овој ризик може да бидат катастрофални најголем дел од ризикот по основ на земјотрес се пренеусува во странска реосигурителна компанија со висок кредитот рејтинг“,вели Менкиоски.

Во изминатите години граѓаните немале навика за осигурување од ризик земјотрес. Според податоците од вкупно 45 илјади осигурувања на имот на ниво на држава, само 8,6 отсто или 3.800 домаќинства имаат купено дополнително осигурување од земјотрес. Но, изминтиот период освен интересот за осигурување од ризик земјотрес, откако скопскиот регион беше погоден од силно невреме, зголемена е и продажбата на полиси за осигурување од поплави.  

Т.С

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката