04 Мај, 2024
0.0260

Како Путин ја спаси „Роснефт“ и што доби за возврат?

Објавено во: Свет 21 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Пред две години рускиот енергетски гигант „Роснефт“ беше погоден од падот во цените на нафтата и наметнатите од Западот санкции против Москва. Тогаш производителот беше изведен пред 20 милијарди долари долгови.

Компанијата беше принудена да побара финансиска помош од 15 милијарди долари, откако успеа да добие таква, соработувајќи со Централната банка на Русија. Кредитот сепак ги „штрекна“ инвеститорите кои побараа големи дивиденди поради превирањата на пазарот.

Поради кризата со „Роснефт“ главниот и извршен директор на компанијата Игор Сечин не уживаше поддршка од Кремљ. Денес сепак руската влада го промени правецот и побара помош од производителот.

Во сегашната ситуација корпорацијата помага за пополнување на широката дупка во државниот буџет, пишува Bloomberg.

„За Кремљ е многу важно што во моментов „Роснефт“ е силна компанија, коментира аналитичарот од Оксфордскиот институт за енергетика Џејмс Хендерсон и дополнува: „Внатрешната и надворешната политика на земјата зависат од тоа“.

Минатата недела „Роснефт“ купи контролен пакет акции од друга државна нафтена компанија за 330 милијарди рубљи или 5 милијарди долари, а тоа се смета за најголемиот договор за приватизација во земјата за оваа година. Станува збор за договорот со производителот „Башнефт“.

Потоа претседателот Владимир Путин објави дека компанијата има план да откупи од Владата сопствени акции за 11 милијарди долари. Во својот пост од Bloomberg посочуваат дека обновата на „Роснефт“ постои, и покрај сеуште ниските цени на црното злато.

Според експертите за тоа придонес имаат неколку фактори - вештиот финансиски инженеринг, слабата рубља, политичката поддршка и малку помош од пријатели, во случајот обезбедување на милијарди долари финансиски предплаќања од купувачи во Кина.

Резултатот? Пазарната капитализација на енергетскиот гигант кон крајот на вториот квартал на годината е 22 милијарди долари или речиси двојно поголема во споредба со истиот период на 2015-та.


Можеби ќе ве интересира

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“