30 Април, 2024
0.0277

Каков ефект постигна годината на прогресивниот данок на личен доход?

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

2019 година беше година која помина во знакот на прогресивниот данок на личен доход, кој беше воведен од нејзиниот почеток за да на нејзиниот крај заврши неславно со негово ставање во мирување и во контекст на промена на министри за финансии во Владата.

Вкупната сума од наплатен данок на личен доход лани е 18,7 милијарди денари. Тоа е за 2 отсто помалку од планираното, но за 19 милиони евра повеќе од претходната 2018 година. Сепак, ова најверојатно не се должи на прогресијата туку на растот.

Мора да се признае дека промената на стапката од 10 отсто на 15 отсто донесе дополнителни 500 милиони денари од добивките од игрите на среќа и обложувалниците. Од 866,7 милиони денари во 2018, за една година наплатата се зголемила во 1,49 милијарди денари. Оваа стапка остана да важи за игрите на среќа и наградните игри.

Кај данокот за плати, оној најосновниот во структурата, има една милијарда денари повеќе собрани од 2018, или вкупно 12,06 милијарди. По основ на договор на дело се собрани три милиони евра повеќе. Кај приходот од имот и имотни права има најмногу разлика - 980 милиони наплатени во 2019, а само 600 милиони во 2018. Кај авторските и правата од индустриска сопственост има само 35 милиони денари разлика од година до година, а самостојните дејности донеле само 25 милиони плус.  330 милиони денари е зголемена фискализацијата на други видови на приходи кои подпаѓаат под личен данок. 

Големо намалување пак има кај оданочувањето на капиталот, односно дивидендите и каматите, од дури една милијарда и од земјоделството за околу  150 милиони денари, покажува извештајот на УЈП за 2019.

Прогресивниот данок во 2019 предизвика поделба на мислења во јавноста, особено кај стручната, а кога се донесе одлука за негово мирување еден од аргументите беше дека фирмите се регистрираат во Србија, Бугарија и Косово, а средната класа е повеќе погодена од него отколку високата класа на граѓани.

Други очекуваа да се подобрат буџетските приходи од персоналниот данок, да се даде дополнителен придонес кон намалувањето на економската нееднаквост на населението која постојано се влошува бидејќи богатите стануваат се уште побогати, а сиромашните се уште посиромашни во Македонија.

Новоназначената министерка за финансии Нина Ангеловска тврдеше дека данокот не го постигнал посакуваниот ефект и дека со избегнувањето биле загубени околу 50 отсто од приходите кои можеле да се соберат. Поддржуваќите на нејзиниот претходник Драган Тевдовски пак тврдеа дека со овој потег Владата сака да му удоволи на бизнис-лобито и дека ако не е задоволна тогаш да го направи данокот уште попрогресивен со воведување на дополнителни стапки.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок