05 Мај, 2024
0.0240

Каков преседан направи РКЕ од кој може да учат Собранието, Владата и министерствата?

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика направи преседан и ги подигна стандардите за отчетност и транспарентност со тоа што ги објави сите службени патувања во странство за 2016 и за 2017 година за сите членови и вработени. Ова е добар пример за сите министерства, агенции, комисии и државни органи...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) направи преседан што е за поздравување и симнување на шапка во 25 годишната историја на независна Македонија. Овој државен орган, формиран од Собранието, е единствен што досега јавно и транспарентно  објавил листа на службени патувања на сите функционери (во случајот членови на РКЕ), но и на сите вработени службени лица и стручни соработници.

На интернет страницата на РКЕ во делот на „Односи со јавност“ и под-делот „Соопштенија и изјави“ во табеларни прегледи ги објави сите службени патувања поединечно со описи за изминативе две години. Навистина потег што е за поздравување и воедно е преседан за отчетност и транспарентно работење на државен орган. Воедно РКЕ во својот биланс за финансиското работење во 2016 година објави и официјален податок дека за таа година за трошоци за службени патувања РКЕ издвоила над 3 милиони денари односно вкупно за 68 патувања се платени околу 50.000 евра.

Службениците вработени во РКЕ патувале повеќе од функционерите

Од достапните јавни податоци се гледа дека во 2017 година функционерите т.е. членовите на РКЕ и вработените реализирале вкупно 69 службени патувања во странство. Најчесто се патувало во Виена во просториите на Енергетската заедница која е монитор и координатор на Република Македонија и другите балкански земји не-членки на ЕУ за либерализација на енергетските пазари и за спроведување на реформите во овие области. Од вкупно 69 патувања за 32 патувања трошоците биле на товар на РКЕ, а за останатите 37 патувања трошоците ги платиле организаторите на настаните. Претставници на РКЕ членови, раководители на сектори и нивни помошници и стручни лица во 2017 година посетиле и активно учествувале на вкупно 42 настани. Најинтересно е тоа што членовите на РКЕ патувале помалку од стручните лица и вработените во РКЕ. Од официјалната евиденција се гледа дека 6 члена на РКЕ во 2017 година патувале вкупно 20 пати. Од нив најчесто патувал претседателот Димитар Петров кој учествувал на 7 настани, заменик претседателот Куштрим Рамадани учествувал на 6 настани, а членот Енвер Ељмази патувал 3 пати, Дејан Бошковски 2 пати, а Видан Кулевски и Светлана Јаневска по еднаш биле за службен пат во странство. Официјалните податоци за тоа колку пари РКЕ издвоила за службени патувања во 2017 година се уште не се објавени, но ќе бидат откако Собранието ќе го разгледа и усвои годишниот извештај за лани.

Во 2016 година, кога за службени патувања РКЕ потрошила околу 50.000 евра, биле реализирани вкупно 68 службени патувања во странство. Од нив 20 службени патувања реализирале членовите на комисијата, а најмногу од нив – 5 реализирале членот Куштрим Рамадани и претседателот Петров. Видан Кулески, кој тогаш бил заменик претседател, реализирале по 4 службени патувања, а членките Светлана Јаневска и Елена Маркова – Велинова патувале по 3 пати во странство. Другите 48 службени патувања ги реализирале вработените во РКЕ советници, раководители и помошници. И во 2016 година најчесто се патувало во Виена во седиштето на Енергетската заедница. Претставниците на РКЕ учествувале вкупно на 36 настани.  РКЕ во целост ги покрила трошоците за 32 службени патувања на своите претставници од вкупно реализираните 68 службени патувања.

Од што се финансира РКЕ?

РКЕ има два главни извори на финансирање согласно законската регулатива. Првиот извор се парите од надоместок од вкупните годишни приходи на енергетските компании кои обавуваат регулирани дејности. Од нивниот вкупен приход тие по закон се должи на годишно ниво да одвојат 0,052 отсто на РКЕ. Исто така РКЕ наплаќа и 500 евра во денарска противвредност за секоја лиценца што ги плаќа барател на секоја од лиценците. Во 2016 година приходите на РКЕ биле 74,59 милиони денари од кои 73,2 милиони денари се надоместокот кој е промил од годишниот приход на енергетските компании, а од лиценци се наплатени уште 1,39 милиони денари. РКЕ има вкупно 30 вработени.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години