Каква порака ќе испрати Путин до Западот од Белград?
Објавено во: Свет 17 Јануари, 2019
Зошто Србија негува толку блиски врски со Русија, ако сака да биде дел од европското семејство.
Ова прашање во постави Би-Би-Си во извештајот за најновата на посета на Путин на Белград.
Рускиот претседател, Владимир Путин, го предупредува Западот за Балканот, пишува Би-Би-Си за денешната посета на Путин на Србија.
Како што се наведува, Путин предводи моќна делегација со цел да ја бетонира соработката со Србија, која сака да се приклучи кон Европската Унија. Во текстот се поставува прашање зошто Србија продолжува да демонстрира пријателство со Русија ако навистина толку сака да се приклучи кон ЕУ.
Би-Би-Си смета дека доаѓањето на Путин во Србија е предупредување за Унијата дека не треба да има безрезервна доверба кога е во прашање лојалноста на Србија.
Путин несомнено ќе ужива поради непријатното чувство коешто ќе го имаат западните дипломати додека гледаат како водечкиот кандидат за членство во ЕУ му го постила црвениот тепих.
Предвидени се повеќе активности со домаќинот Александар Вучиќ, кои почнаа со положување цвеќе на Гробиштата на ослободителите на Белград и Црвеноармејците. За крајот на посетата е предвидено Путин да го одликува Српскиот со орденот Александар Невски, по што и двајцата ќе се обратат пред медиумите.Во српската престолнина се дојдени повеќе од 600 новинари од повеќе од 160 медиуми поради посетата на Путин.