КАКВА СУДБИНА - 50 годишен скопјанец загинал откако со мини морис се забил во гаражи
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2020
Скопјанец на возраст од 50 години загина утрово во тешка сообраќајка кај Гевгелија. Според првичните информации од СВР Струмица, сообраќајката се случила околу 7 часот и 30 минути на излез од Гевгелија, објави ТВ Вис, објавувајќи и фотографии од случајот.
„Се работи за З.Д. (50) од Скопје кој управувајќи возило мини морис со бугарски регистерски таблички удрил во лимени гаражи. Од ударот возачот се здобил со тешки повреди поради кои починал. На лице место увид извршила полиција, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, изјавиле од СВР Струмица.
Од таму додаваат дека причините за сообраќајката со жртва дополнително ќе се утврдуваат.
Фото ТВ Вис