Какви политики ќе следуваат: Седница на комитетот за финансиска стабилност
Објавено во: Економија 07 Септември, 2018
Гувернерката Анита Ангеловска Бежовска и министерот за финансии ќе присуствуваат на шестата седница на Комитетот за финансиска стабилност во Народната банка.
По завршување на седницата, во холот на Народната банка, гувернерката на Народната банка и министерот за финансии ќе дадат изјава за медиумите.
Седницата е ден откако Државниот завод за статистика ги објави податоците за стапката на раст на БДП, која во вториот квартал годинава изнесува 3,1 отсто.