Калифорнија тестира автономни автомобили без возач
Објавено во: Економија 13 Март, 2017
Калифорнија, најголемиот американски пазар за автомобили, планира да овозможи тестирање на јавни патишта на автономно возило без присуството на човек кој ќе го преземе управувањето по потреба, до крајот на годината.
Агенцијата за моторните возила во Калифорнија објави во петокот правилник за јавна расправа во кој се нуди тестирање на автономно подвижните автомобили, за кои веќе нема да се бара да имаат конвенционални рачни контроли, како тркала и педали.
Тековните одредби бараат таквите возила да ги имаат овие делови, како и со резервен возач.
Предложената измена го отвора патот за евентуалната продажба и вметнување на пазарот на независно подвижни возила во Калифорнија, соопшти портпаролот на Министерството, Брајан Кели во соопштението, цитирано од Ројтерс.