Каменувани автобуси на косовските Срби кои тргнале на митинг
Објавено во: Балкан 29 Март, 2017
Околу 3000 косовски Срби денеска се спречени да одат на митинг.
Повеќе од 60 автобуси со поддржувачи на Српската напредна партија се спречени да присуствуваат на митинг во градот Лепосавич и да му дадат поддршка на претседателскиот кандидат, Александар Вучиќ.
До инцидентите дошло на повеќе места јужно од Ибар, кога според медиумите, дел од
автобусите со косовски Срби биле каменувани од припадници на движењето
Самоопределување. Повеќе патишта од Ново брдо, Штрпце и Грачаница биле блокирани од локални
жители и косовски полицајци, кои биле вратени назад.
Српските власти велат дека се работи за грубо кршење на човековите права и правото за
слобода на движење.
Српскиот премиер Вучиќ уште вчера соопшти дека нема да присуствува на митингот, зашто
како што рече, не ги прифаќа уцените од Приштина.
Собирот требаа да го одржат други претставници на неговата партија.