05 Мај, 2024
0.0241

Кампањата „Јас внимавам“ апелира да се вози одморен

Објавено во: Мои пари 28 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Кампањата „Јас внимавам“ иницирана од компанијата ОКТА, со поддршка на Министерството за внатрешни работи,  овој месец своите активности за поголема безбедност во сообраќајот ги насочи кон заморот како причина за незгоди. Под мотото „Секогаш возам одморен“, претставници од МВР вршеа редовна контрола на возилата на улиците во градот Охрид. Совесните возачи кои беа сопирани по случаен избор и каде што беше констатирано почитување на сообраќајните правила и прописи, беа наградувани со вредносни ваучери за гориво од ОКТА и притоа беа потсетувани дека треба да бидат одморени пред да тргнат на патување.

Во екот на летната сезона многу честа причина за сообраќајните незгоди е заморот и недоволниот сон кај возачите. Со надеж и намера да стигнат побрзо на саканата дестинација, поаѓаат на пат со недоволно сон, акумулиран замор и со тоа се доведуваат во опасност себе си, своето семејство, а и другите учесници во сообраќајот. Преку активностите на кампањата сакаме да потенцираме и уште еднаш да ги потсетиме граѓаните дека заморот придонесува до значителен пад на концентрацијата и психофизичките способности кај секој возач, а зголемената количина кафе или кој било начин за оттргнување на заморот, едноставно не се доволно за безбедно и сигурно патување“, изјавија од МВР.

Активностите за овој месец, кампањата ги префрли во Охрид, каде во овој период од годината сообраќајот е со зголемен интензитет и возачите честопати не посветуваат внимание на тоа дали се доволно одморени пред да тргнат на пат. Промотор и поддржувач на активностите на кампањата за овој месец е Ѓоко Танески.


Многу патувам и заради моите ангажмани во другите градови често сум присилен да патувам ноќе и со тоа да си го скратам сонот. Досега навистина го имав занемарено фактот колку сонот е значаен за безбедно патување за мене, моите сопатници, а и за другите учесници во сообраќајот. Преку кампањата дознав за податокот колку заморот е битен фактор и честа причина за незгоди. Затоа не дозволувајте да бидете дел од таа бројка, не брзајте, добро одморете се, наспијте се и не се доведувајте во опасност“, изјави Ѓоко Танески.

Откако кампањата „Јас внимавам“ започна со своите активности за зголемување на свеста за безбедноста во сообраќајот, апелираше до граѓаните да не возат под дејство на алкохол, задолжително да користат заштитен појас, велосипедистите да возат на обележана велосипедска патека и мотоциклистите да носат заштитен шлем. Како дел од едукацијата за сообраќајната култура кај најмладите беа донирани и сообраќајни полигони во повеќе основни училишта ширум земјава, а во досегашните активности кампањата доби и широка поддршка од јавните личности. Кампањата ќе продолжи со своите активности и понатаму, и ќе се осврне на  уште многу правила и прописи кои често се прекршуваат и претставуваат причина за незгоди во сообраќајот. 

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ