05 Мај, 2024
0.0246

КАРАКАС ГО ВРАЌА УДАРОТ: Венецуела воведе санкции за САД

Објавено во: Економија 06 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Венецуела воведе санкции кон САД. 

Каракас сака да ги намали ефектите од американските санкции против венецуеланската нафтена компанија PDVSA на глобалниот пазар, изјавил техничкиот советник на оваа фирма, Рони Ромеро.

„Ние се соочуваме со илегални санкции од САД. Ние извезуваме околу 500.000 барели дневно во САД. PDSVA сега ќе го пренасочи извозот кон другите купувачи во Европа и Азија“ – изјавил тој за агенцијата „Спутник“.

Ромеро, кој е државен претставник на Венецуела во ОПЕК, изајви дека европските и азиските купувачи не треба да се плашат да купуваат нафта од Венецуела, затоа што санкциите на Вашингтон се однесуваат само на американските ентитети.

Тој додал дека Русија и Кина не ги интересираат американските санкции, и дека Венецуела ќе направи што може тоа да не влијае на пазарот.

САД купуваат голема количина на нафта од Венецуела, изјави претходно американскиот министер за финансии, Стивен Мнучин, додавајќи дека санкциите ќе имаат “умерен ефект“ на американските рафинерии.

Вашингтон минатата недела воведе санкции кон компанијата PDSVA и и заплени седум милијарди долари.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кон крајот на минатиот месец соопшти дека ќе ги блокира средствата на венецуелската државна нафтена компанија ПДВСА, во вредност од седум милијарди долари.

Мерките против компанијата ги најавија советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон и министерот за финансии Стивен Мнучин, а ќе опфатат замрзнување на какви било средства што венецуелската компанија ги има под американска јурисдикција, како и забрана на Американците да соработуваат со фирмата.

Воведените мерки имаат за цел да му дадат „ветер в грб“ на венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател на земјата, а американската администрација го призна како легитимен лидер на Венецуела.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години