20 Декември, 2025
0.4416

Кардиоваскуларните болести косат, секој трет починат во Македонија има под 60 години

Објавено во: Мои пари 11 Ноември, 2013 20:30

Добивај вести на Viber

Кај околу 78% од лицата кои починале лани во Македонија причина се кардиоваскуларните или респираторни болести, ракот и дијабетесот. Дури 30 проценти од починатите се лица под 60 години. Според светскиот економски форум, овие 4 болести се едни од најголемите закани за економскиот развој. Кардиоваскуларните болести се причина за смртта на 59,2 отсто од сите случаи, а ракот со 18,3 отсто. Според проценките, раст од 10% на овие 4 групи на болести, го намалува БДП на земјата за 0,5 отсто. Затоа од Светската здравствена организација побараа вложување во превенција. Според  Снежана Чичивалиева од СЗО во Скопје, боледувањата и болестите кај младите се најголема загуба на економијата,  покажуваат испитувањата на Светската здравствена организација. За министерот за здравство пак, Никола Тодоров, потребни се редовните кардиолошки прегледи за спасувањето на младите животи. Тој денеска ги посети новите простории на СЗО во Скопје, а беше посочено дека ваквата посета е прв сегмент од новиот договор со СЗО, за воведувањето глобална мониторинг рамка на СЗО за незаразните заболувања. „Како Министерство сме фокусирани на незаразните болести особено на кардиоваскуларните и малигните заболувања и за нив имаме посебна програма. За кардиоваскуларните заболувања направивме првпат програма во Министерството и како резултат на тоа сме фокусирани најнапред на формирање кардиолошка мрежа особено за интервентна кардиологија. Во тие рамки отпочнавме со интервентна кардиологија во Битола, Штип, имаме план тоа да го направиме во Тетово и во Струмица“, рече Тодоров. Во светот годишно 63 проценти од починатите  починале од незаразни болести. Секоја година во светот од 4-те најраспространети незаразни заболувања умираат 36 милиони луѓе.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии