05 Мај, 2024
0.0238

„Катар ервејс“ ја одбележува наградата од „Скајтракс“ за најдобра бизнис класа на светот со специјални попусти за дестинации од глобалната мрежа

Објавено во: Мои пари 01 Август, 2017

Добивај вести на Viber

„Катар ервејс“ ги поканува патниците да се приклучат на прославата и да ја доживеат "најдобрата бизнис класа на светот" со цена од 1469 евра.

Компанијата ги продолжува своите возбудливи планови за експанзија, со услуги до Прага, Чешка, Киев, Украина и Сохар, Оман, што ќе започнат ова лето

 „Катар ервејс“ слави дека е именуван за "Најдобра бизнис класа на светот" на светските награди на меѓународната организација за оценка на воздухопловниот транспорт, „Скајтракс“ во 2017 година, нудејќи им на патниците тарифи од 1469 евра за бизнис класа до популарни дестинации низ својата растечка глобална мрежа, како дел од својата глобална продажна кампања "Летајте со најдобрата светска бизнис класа" која започна оваа недела.

Оваа специјална промоција следи низа големи победи за авиокомпанијата на светските награди на авиопревозниците „Скајтракс“ за време на Париското авио шоу минатиот месец, каде што беше наградена како "Авиокомпанија на годината", "Најдобра авиокомпанија на Блискиот Исток" и "Најдобар салон од прва класа во светот".

Патниците сега можат да ги искористат предностите нa специјални попусти за наградената бизнис класа за популарни туристички и деловни дестинации, вклучувајќи ги и неодамнешните нови дестинации до Ница, Франција, Даблин, Република Ирска и Скопје, како и многу други дестинации дел од брзото проширување на глобалната мрежа на авиокомпанијата. Авиокомпанијата продолжува со своите возбудливи планови за глобална експанзија ова лето, со започнувања на летови до Киев, Украина, Прага, Чешка и Сохар, Оман што почнуваат во август.

Главниот комерцијален директор на „Катар ервејс“ г-дин Ехаб Амин рече: "Ние сме многу горди што ја добивме наградата "Најдобра бизнис класа на светот" од „Скајтракс“, и ние сме среќни да ја прославиме оваа награда со нашите патници од целиот свет. Ги покануваме сите наши патници да ја искористат оваа уникатна промоција која ќе им овозможи да ја искусат нашата реномирана светска класа услуга од прва рака".

Од 31-ви јули до 9-ти август патниците ќе можат да резервираат летови на најдобрата бизнис класа на светот од 1469 евра до Доха (почнувајќи од 1469 евра), Бангкок (почнувајќи од 2369 евра), Сингапур (почнувајќи од 2889 евра) и Мелбурн (почнувајќи од 3179 евра) за патување до 31 март 2018 година. Понатамошни попусти се нудат и за нашите неодамна објавени нови дестинации Сохар, Оман, Киев, Украина и Прага, Чешка.

Авиокомпанијата неодамна ја претстави новата класа на патнички седишта од бизнис класа, Qsuite, донесувајќи искуство од прва клата во кабината за бизнис класа и поставување на нов стандард во патувањето за бизнис класата.

Qsuite го има првиот двоен кревет којшто е достапен во бизнис класата, со панели за приватност што се склопуваат, дозволувајќи им на патниците во соседните седишта да создадат сопствена приватна просторија. Прилагодливи панели и подвижни ТВ монитори во центарот на четири седишта овозможуваат колеги, пријатели или семејства да патуваат заедно за да го трансформираат својот простор во приватен апартман, овозможувајќи им да работат, вечераат и да се дружат заедно. Овие нови функции обезбедуваат крајно прилагодено патувачко искуство, овозможувајќи им на патниците да создадат средина која одговара на нивните сопствени уникатни потреби.

„Скајтракс“ 2017 авиокомпанија на годината има неколку нови возбудливи дестинации планирани за остатокот од оваа година и 2018 година, вклучувајќи ги и Канбера, Австралија, Чианг Маи, Тајланд, Рио де Жанеиро, Бразил, Сан Франциско, САД, и Сантијаго, Чиле, да именуваме неколку.

За да дознаете повеќе за дестинациите и промоциите на „Катар ервејс“, посетете ја qatarairways.com.qa

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ