18 Мај, 2024
0.0264

КАЖЕТЕ ИМ НЕ НА ЦИГАРИТЕ: Еве како за пет минути ќе го оставите пушењето!

Објавено во: Стил 16 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Имаме две вести за сите оние кои со години безуспешно се обидуваат да се одвикнат од тутунскиот чад. Кончено е развиена вакцина против пушење, односно против зависност од никотин.

Научниците тврдат дека развиле вакцина против зависноста од никотин. Таа дејствува така што буквално го „тренира“ организмот да го препознае никотинот како страно тело, однсно напаѓач и спречува отровот воопшто да стигне до рецепторот за задоволство во мозокот.

Вакцината засега одлично се покажала на лабараториските глувци, а во нареден период се очекува тестирање на луѓе. Експерти од американскиот Институт за истражување „Scripps“ во вакцината споиле никотински антигени со молекула на еден протеин.

Откако супстанцата е вбризгана во крвотокот на животните, нивните организми почнале да произведуваат антитела кои ги убивале честиците на никотинот пред да стигнат тие до мозокот.

Авторот на истражувањето Ким Џанд објаснил дека целта им била во телото да оредизвикаат контра-реакција така да тоа само да го отфрла никотинот. Исто така, се верува дека приципот по кој ќе дејствува оваа вакцина успешно може да се примени и на лечење на други болести од зависност, а тоа ќе се потврди во наредниот период.

Доколку вакцината би дејствувала, тоа би им помогнало на милиони луѓе ширум светот. Истражувањето е објавено во научниот магазин „Journal of Medicinal Chemistry“.