КАЗНА ЗА РАМУШ: САД ја одбија визата на премиерот на Косово
Објавено во: Балкан 09 Јануари, 2018
САД одбија да му издадат виза за косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
На 11 јануари, Харадинај требаше да биде гостин на командантот на државата Охајо Тимотеј Ир.
Портпаролот Грег Худ потврдил дека косовскиот премиер нема да може да присуствува на церемонијата.
Наместо премиерот, на настанот ќе присуствува министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли се прецизира приштински "Експрес".
Самиот Харадинај во својот профил на Фејсбук рече дека не добил виза од САД. Според локалните медиуми, властите во Вашингтон на овој начин сакаат да го "казнат" Харадинај за неговите обиди да го укине Специјалниот суд, кој треба да и истражи поранешните членови на Ослободителната војска на Косово.
Американската амбасада во Приштина во неколку наврати ги осуди повиците за отстранување на Специјалниот суд. Вчера ова го стори американскиот експерт за Балкански прашања, Даниеле Сервер.