15 Мај, 2024
0.0243

Ќе го прегазел вработениот, само за да не плати патарина

Објавено во: Стил 31 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Возач на наплатната рампа Глумово-Скопје не сакал да плати патарина, па за малку не го прегазил вработениот.

Расправијата меѓу вработениот и возачот на комбето со тетовски таблички ескалирала, по што возачот се обидел насилно да ја помине рапмата.

Неговиот сопатник излегол и насилно ја отворил рамата, а вработениот го притиснал тастерот за помош и излегол од кабината за да ја затвори рампата.

Веднаш потоа возачот на комбето поминал крај него и го удрил во пределот на десниот колк, а потоа со голема брзина побегнал од местото.

Полицијата трага по возачот и неговиот сопатник.