15 Мај, 2024
0.0240

Ќе се отвори најголемиот хотел во светот

Објавено во: Стил 13 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Најголемиот хотел на светот ќе се отвори следната година во Мека, ќе има 10.000 соби и 70 ресторани.

Хотелот се вика Абраџ Кудија и неговата изградба чини 3,13 милијарди евра. Тој зафаќа милион метри квадратни, има 10.000 соби, 70 ресторани, трговски центар, и раскошна свечена сала.

Изградбата ја финансираше саудиското Министерство за финансии, а дизајнот го направи меѓународна консултантска куќа.

Хотелот е на 2 км од најголемата џамија која годишно ја посетуваат пет милиони муслимани.

Објектот ќе биде наменет за пошироката јавност, а пет ката ќе бидат за саудиското кралско семејство.