10 Мај, 2024
0.0257

КХВ не го дозволи преземањето на Макпетрол од страна на Балкан петролеум

Објавено во: Економија 29 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност донела одлука по долготрајната процедура да не му даде дозвола на Балкан петролеум да го преземе акционерското друштво Макпетрол. Балкан петролеум пред повеќе од една година ја објави јавната намера за преземање на акциите на нафтената компанија Макпетрол, но целата процедура беше заглавена со проверката на БП и нивната состојба. 

„Комисијата констатира дека не се исполнети условите од Законот за преземање на акционерски друштва, според кои Проспектот и Понудата за преземање треба да се изготвени во согласност со законот. Имено, според член 21 став 2 од Законот за преземање на акционерски друштва,  акционерите на целното друштво мораат да бидат целосно, точно и навремено информирани за понудата за преземање за да имаат доволно време правилно да ја оценат понудата, да ги дефинираат своите интереси и да донесат одлука за прифаќање или одбивање на понудата за преземање. Овие информации акционерите ги добиваат токму од Проспектот кој во себе содржи детални податоци за понудувачот и за понудата за преземање, за изворите на финансирање на понудата за преземање, целта на понудата за преземање, намерата и плановите на преземачот во врска со целното друштво и сл. Оттука, по добивањето на дописот од другиот надлежен орган, Комисијата на денешната седница констатира дека во конкретниот случај не може доследно да се применува член 27 став 3 од Законот за преземање на акционерски друштва, поради што Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија како регулатор на пазарот на капитал не смее да толерира на акционерите да не им се достапни сите потребни и релевантни податоци  за  ,,Балкан Петролеум,, Холдинг Лимитед  за да донесат одлука за прифаќање или одбивање на понудата за преземање на ,,Макпетрол,, АД Скопје“ соопштува КХВ.

БП не успеа ниту да стигне до моментот на откуп на акциите на Макпетрол, додека пак раководството на компанијата успешно го одби овој обид за корпоративно преземање, вложи многу во откуп на сопствени акции, а и самите директори меѓу кои и Јосифовски го зголемија сопственичкиот удел.

Макпетрол исто така за 2016 година реши од добивката да подели дивиденда на акционерите, односно исплати по 1000 денари за една акција.

Во последните две години интересот за акции на Макпетрол значително се зголеми и го достигна врвот со износ од околу 30.000 денари за една акција, додека пак почетната понуда на БП за преземање беше во износ од околу 25.000 денари за една акција. Претходно просечната цена на акциите на Макпетрол изнесуваше 17.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?