30 Април, 2024
0.0256

КХВ: Подолг период вршиме надзор на тргувањето со акциите со ЗК Пелагонија

Објавено во: Економија 17 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Тргувањето со акциите од издавачот ЗК Пелагонија АД Битола и другите инволвирани берзански субјекти веќе извесен период се предмет на надзор од страна на КХВ согласно сите закони од нејзина надлежност и за исходот како и досега јавноста ќе биде благовремено известена, стои во соопштението на Комисијата за хартии од вредност

„Нетипичната побарувачка на акциите на ЗК Пелагонија АД Битола, која се одразуваше врз нивната цена, а во услови на недостиг на јавно расположливи информации нужни за проценка на моменталната состојба од страна на друштвото беше причина  денеска на 17.02.2021 година, КХВ да и наложи на Македонската берза АД Скопје привремено да го прекине тргувањето со акциите издадени од ЗК Пелагонија АД Битола. По барањето од КХВ, издавачот ја извести Комисијата  дека нема сознанија за постоење на конкретно ценовно чувствителни информации кои треба да ги објават согласно Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, ниту пак располагаат со информација за евентуална заинтересираност на инвестициски фондови за купување на  друштвото, стои во соопштението.  

Се додава дека бидејки информациите го движат пазарот и влијаат на обемот на тргување или на цената на хартијата од вредност, а често пати нивното отсуство или неточност може да доведе  до заблуда или да креира лажна слика за пазарот кое е забрането дејствие со закон, Комисијата  ги повикува сите субјекти кои поседуваат било какви информации поврзани со евентуално тргување врз база на внатрешни информации независно дали се стекнати преку остварување на професионални задачи или обврски да ги пријават во КХВ, а во функција на активната супервизија на пазарот на хартии од вредност и ефикасно истражување на евентуални противзаконски дејствија.

„Напоменуваме  дека тргувањето со внатрешни информации е забрането со Законот за хартии од вредност и претставува кривично дело, а за негово докажување како сериозен облик на противправно постапување потребно е повеќефазно прибирање на докази.  Комисијата останува посветена на континуираната определба дека транспарентноста и објавувањето на податоци од страна на издавачите се и треба да бидат централниот столб на ефикасното функционирање на пазарот на капитал.  Комисијата за хартии од  вредност ќе продолжи активно да следи дали котираните компании обезбедуваат сигурни, точни и навремени информации, со што се штитат интересите на инвеститорите, пишува во соопштението.      


Можеби ќе ве интересира

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место