Киднапиран градоначалник - вооружени лица му упаднале во домот
Објавено во: Свет 29 Март, 2018
Киднапиран е градоначалникот на главниот град на Либија, Триполи, Абдулрауф Хасан Бајтелмал, информираше денеска Градскиот совет.
Вооружени лица упаднале во домот на градоначалникот во текот на ноќта и го киднапираа. Министерството за внатрешни работи на Либија соопшти дека трага по Бајтелмал, но не наведе повеќе детали.
Засега не е позната пиричината за неговото киднапирање.
Градскиот совет на Триполи соопшти дека ја прекина работата во знак на протест поради киднапирањето на Бајтелмал и ги повика властите да вложат напори за ослободување на градоначалникот.