Киев утрово гранатиран, се урна 12 катница
Објавено во: Свет 16 Март, 2022
Станбена зграда од 12 ката во Киев утрово се урнала откако била погодена од руски гранати во областа Киев Шевченко, јавува Би-би-си.
Две лица се повредени, а 37 се евакуирани, соопштија украинските служби.
Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека пријавата ја добиле во 06.16 часот изутрината, со која се потврдува дека фрагменти од гранати паднале врз зградата и предизвикале нејзино уривање, како и дека ја оштетиле 9-катницата во соседството.
Сирените за тревога се огласија во неколку украински градови
Сирените за тревога се огласија пред зори во неколку украински градови, а граѓаните беа предупредени да одат во прифатилишта.
Сирените се огласија во Киев, Лавов, Ивано-Франковск, Одеса, реките Днепар, објавија локалните медиуми и новинарите на теренот, јавува Би-Би-Си.
Фото: Твитер (илустрација)