„КУМОВИТЕ“ НЕОРГАНИЗИРАНИ: Километарски колони од возила на грчката граница
Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2019
Километарски колони од возила има на граничниот премин Евзони - Богородица со Грција.
Граѓаните се враќаат од продолжен викенд во Грција.
Слично беше и во петок, кога голем број возила се упатија кај јужниот сосед.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, стои во извештајот од АМСМ објавен попладнево.