Кина полека но сигурно го губи тронот: Кој произведува најевтина роба?
Објавено во: Свет 14 Април, 2017
Кина ја губи својата погодност за најевтина произведувачка земја, а нејзиното место го преземаат други азиски земји во развој.
Тоа се Индонезија или Бангладеш, покажува новиот извештај на меѓунардоната ревизорска компанија КПМГ.
Според тој извештај, Кина веќе нема да им биде омилена дестинација на странските компании за производство, бидејќи минималната плата во таа земја веќе четири пати е поголема отколку во некои други земји од јужна и југоисточна Азија.
Пред се се мисли на Бангладеш, и Индонезија каде странските фирми се почесто го селат своето производство.
Кина меѓутоа и покрај растот на минималната плата, има две големи предности-релативно развиена инфраструктура и голема продуктивност.
Благодарение на тоа и понатаму зазема доминантна положба во производство на роба, како што е електроника или опрема за домаќинство. Сега, веќе ја губи конкуренцијата во производство на облека и обувки, која полека но сигурно се шири во други области на Азија. На пример Индонезија и Виетнам почнале да се специјализираат во производство на обувки.