Кирацоски: Не, јас не сум осомничениот функционер, не е фер да шпекулирам кој е
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2019
Не, јас не сум осомничениот функционер, но кој е, не можам да шпекулирам, тоа не би било фер“, ова кусо за Фактор го изјави пратеникот од СДСМ Александар Кирацоски.
Ова следува откако Јавното обвинителство објави соопштение во кое наведува дека едно лице од новоосомничените во случајот со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски е функционер во новата истрага.
Угледот на ова лице бил користен за да се засили убедувањето кај бизнисмените и да бидат доведени во заблуда и да помислат дека зад проектите стои власта.
„Воедно, едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт“, се вели во соопштението на ЈО.
Инаку, Кирацоски беше еден од функционерите кој беше повикан во Обвинителството за да даде исказ за истрагата за „Рекет“.