Кирацовски: Административците ќе ја казнат Владата со „кец“
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2016
Заменик министерот за администрација и информатичко општество и потпретседател на СДСМ, Александар Кирацовски, порача дека наметнатиот систем за оценки и казнување на административците кој е одложен за следната година воопшто нема да се спроведе, бидејќи власта ќе се смени и ќе се стави крај на небулозниот начин на пишување на казни.
- Казните од нелогичното оценување на администрацијата, што го смисли власта за лични и политички цели, нема да се спроведат! Напразно пратениците на Никола Груевски во Парламентот гласаа против одложување на оценувањето до крајот на 2017 година.
- На 11 декември заедно ќе ги направиме промените и вие ќе ја дадете последната оценка на неодговорната власт. Власта на Груевски ќе добие непреодна оценка 1! И нема да имаат шанса да спроведат ниту казнувања, ниту нарачани оценки!
- По промените, новата Влада предводена од СДСМ веднаш законски ќе ги укине казните од оценувањето, и заедно со екпертската јавност и засегнатите вработени ќе договориме модел што ќе ја мотивира администрација, наместо да ја казнува. Сакам да порачам, на шефовите и раководителите кадри на ВМРО-ДПМНЕ, што Груевски и фамилијата ќе се обидат да ги користат за нивни лични цели: Внимавајте, не дозволувајте да станете инструмент во рацете на криминалната власт, изјави Кирацовски.