05 Мај, 2024
0.0271

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

Објавено во: Македонија 25 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Фактор направи анализа како гласале граѓаните во десетте скопски општини. 

Факт е дека во сите општини каде што има доминантно македонско гласачко тело во водство е професорката Гордана Силјановска Давкова, номинирана од ВМРО-ДПМНЕ. Секаде втор е претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.

Во општините, пак, каде што доминираат етничките заедници, во предност е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи. 

Максим Димитриевски е на трето место во сите доминантно македонски скопски општини. 

Од седумте скопски општини каде доминираат Македонците, може да се изведе заклучок дека Давкова најубедлива победа извојувала во Кисела Вода, каде за неа својот глас го дале процентуално најголем број од гласачкото тело, или 56,22 отсто од гласачите, додека, пак, најмала е разликата во Центар, каде Давкова води со нецели 2.000 гласачи разлика или со околу 7 и пол процентни поени.  

Најмногу сакаат да гласаат карпошани или таму излегле 62,9 отсто од граѓаните на гласање, Аеродром е втор со 61,61 отсто, а во врат му дише Кисела Вода со 61,22 отсто.

Да одиме со ред.

Во скопската општина Аеродром гласале вкупно 41.384 граѓани, или излезноста е 61,61 отсто. Во Аеродром професорката има освоено 21.145 гласа, или 51,09 отсто, кандидатот Стево Пендаровски има 8.950 гласа или 21,63 отсто, а Максим Димитриевски има 5.292 гласа или 12,79 отсто.

Во Бутел излегле 18.131 гласач, или 55,72 отсто од запишаните. Води Давкова со 7.370 или 40,65 отсто, втор е Бујар Османи со 3.183 гласа или 17,56 отсто, трет е Арбен Таравари со 2.465 гласа или 13,6 отсто и четврти е Пендаровски со 2.197 или 12,12 отсто.

Во Гази Баба излегле 33.355 гласачи или 54,72 отсто. За Давкова гласале 18.125 гласачи или 53,34 отсто, за Пендаровски гласале 4.782 граѓани или 14,34 отсто, а Димитриевски е трети со 3.611 гласачи или 10, 83 отсто.

Во Ѓорче Петров излегле 22.615 гласачи. Води Давкова со 11.694 или 51,63 отсто, Пендаровски е втор со 4.650 или 20,53 отсто, а Димитриевски има 2.630 или 11,61 отсто.

Во Карпош е прва професорката, но тоа е една од општините со помала разлика. Излегле на гласање 34.909 граѓани, или 62,9 отсто, а од нив за Давкова гласале 14.482 или 41,49 отсто, за Пендаровски има 9.130 гласачи или 26,15 отсто, а Димитриевски добил 3.974 или 11,38 отсто.

Кисела Вода најмногу ја сака Давкова. Излезени се 32.342 граѓани или 61,22 отсто и Давкова има 18.183 гласачи или 56,22 отсто од вкупното гласачко тело. Пендаровски има 6.205 или 19,19 отсто, а Димитриевски има 3.165 или 8,75 отсто.

Во сарај излегле 15.789 граѓани или 47,3 отсто. Бујар Османи има 8.324 или 52,72 отсто, Таравари 6.020 гласа или 38,13 отсто, Давкова има 643 гласа или 4,07 отсто и Пендаровски 447 гласа или 2,83 отсто.

Во Чаир гласале 27.139 граѓани или 47,25 отсто, од кои за Османи 10.999 или 40,53 отсто, за Таравари 9.618 или 35,44 отсто, за Давкова 2.791 или 10,28 отсто и за Пендаровски 1.809 или 6,67 проценти.

Во Центар се излезени 26.213 или 60,45 отсто отсто од гласачите. Давкова таму добила 10.490 гласа или 40,02 отсто, а Пендаровски има 8.537 гласови или 32,57 отсто, додека Димитриевски има 3.075 гласа или 11,73 отсто.

И во Шутпо Оризари излегле 7.281 граѓанин или 30,99 отсто што укажува на убедливо најслаба излезност. Води Османи со 2.699 гласа или 37,07 отсто, Давкова има 1.853 или 25,45 отсто, а Пендаровски има 1.132 или 15,55 отсто.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден