05 Мај, 2024
0.0256

Ќе добие ли екс разузнавачот Горан Грујевски најстрога затворска казна?

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Жешок старт во судовите го означува почетокот на оваа недела.

Денес треба да се слушнат завршните зборови за  случајот „Тврдина 2“ во скопскиот Кривичен суд.  Прв обвинет во овој случај е екс началник на УБК Горан Грујевски .

Токму за него обвинителката од СЈО Ленче Ристовска побара најригорозна казна.

Ристоска во завршни зборови денеска пред Основниот суд Скопје 1 за предметот „Тврдина 2″, рекла дека мотив на Грујевски, како наредбодавач за ништењето на илјадниците документи од УБК, е да се сокријат трагите кој и како прислушувал стотици граѓани во Македонија и да се отежни истрагата за масовното кршење на човековите слободи и права од страна на Петтата управа во МВР, односно од УБК. Таа му укажа на судот дека палењето на документите во Петровец, близу Скопје, се случувало истовремено со уништување на системите за следење во МВР, за што исто така е обвинет Грујевски во предметот „Тврдина”, пренесе сакамдакажам.мк.

Овој медиум додава дека Ристоска побарала судот при изрекување на казната да не го зема предвид како олеснување тоа што Грујевски е татко на две деца, туку тоа дека со бегството, децата и семејството ги оставил на цедило, без извор на егзистенција.

За шесте обвинети жени од УБК, кои по наредба на Грујевски ги запалиле архивските материјали, место да ја одбијат наредбата, Ристоска побарала алтернативни, односно условни затворски казни. Ристоска по име, за секоја од шесте обвинети, кажа дека имале беспрекорно однесување во Управата и оти немале дамка во работењето и оти дел од нив се самохрани мајки.

Во моментов Горан Грујевски е во екстрадициски притвор во Солун каде заедно со вработениот во Петтата управа Никола Бошковски беа фатени на аеродром и на 1 декември ги чека судење за поседување на лажни пасоши.

Можеби ќе ве интересира

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден