Ќе дочекаме ли укинување на роамингот за земјите од Западен Балкан?
Објавено во: Балкан 04 Мај, 2018
На самитот на ЕУ- Западен Балкан во Софија, којшто ќе се оддржи на 17 мај, можеби повторно да се разгледа иницијатива и потпишаниот договор за укинување на роаминг на сите земји од Западен Балкан. Тоа за Танјуг го изјави српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации-Расим Лајиќ.
– Ние пред три години потпишавме договор со Македонија, БиХ и Црна Гора. Сега и Косово и Албанија сакаат да се приклучат кон тој договор да имаме укинат роаминг на просторот на Западен Балкан, вели Лајиќ.