01 Мај, 2024
0.0277

ЌЕ ГО ПРЕСКОКНЕ ЛИ МАКЕДОНИЈА БУГАРСКИОТ ЅИД - размена на пораки меѓу Скопје и Софија

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Земјава е исправена пред еден многу неочекуван проблем, а тоа се бугарските условувања кои посегаат по македонскиот идентитет.

Македонија ќе преземе интензивни дипломатски напори, со кои ќе се обиде да избегне крах во декември. Според вицепремиерот Никола Димитров, ќе биде поразително ако идентитетските  прашања станат пречка за старт на преговорите, бидејќи тие не се предвидени ниту во Договорот за добрососедство со Бугарија, ниту пак се во согласност со европските вредности.

Димитров вчера на вонредна пресконференција рече дека ќе ги почитуваме соседите, но бараме и тие да не почитуваат нас.

Значи, реална е заканата за вето од Бугарија.

„Апсолутно во овој момент не може да се исклучи дека нема да има меѓувладина конференција во декември. Меѓутоа, ако причината за тоа е македонскиот јазик, јас сум ОК со тоа“, рече Димитров.

Вицепремиерот се повика на Договорот за добрососедство. Таму не е оспорено правото на самоопределување. Напротив, доколку се оспорува, тогаш тука нема пријателство, дециден е Димитров. „Јас сум убеден дека сите земји членки се свесни, а особено соседите, дека сме пред многу едноставен избор. Или ќе имаме заеднички успех, или ќе имаме заеднички дебакл. Оти евентуалниот неуспех нема да е само македонски, туку ќе биде пораз за европската слика за соседна Бугарија, ама пред се за самата Европа и нејзините вредности“, рече Димитров. 

Во тек е засилена дипломатска комуникација со европските парнтери, а целта е да се избегне блокада поради идентитетските прашања.

А дека Германија врши притисок врз Бугарија да започне преговори меѓу С. Македонија и Европската унија, вчера призна вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.

„Некои Македонци веруваат дека Германците и некои други европски земји ќе извршат притисок врз нас и ние безусловно ќе се согласиме да ги поддржиме. Тие не притискаат, факт! Бугарија има свое достоинство, своја политика и е суверена држава. Никој не може да ни каже дека треба да свртиме грб на 1.000 години “, рече Каракачанов на бугарска „Нова“.

Поранешниот македонски премиер и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски  во наредните денови ќе пристигне во Бугарија за да помогне во решавањето на тековните спорови меѓу двете земји. Посетата ќе се одржи откако тој неодамна имал разговор со премиерот Зоран Заев, пишува бугарската агенција БГНЕС.

Тие пренесуваат и детали од вчерашното интервју на Георгиевски, кое педизвика силни реакции во јавноста.

А состанотот на Заедничката мешовита комисија заврши со минимален напредок, е размислувањето на Бугарија откако таму се вратија членовите од бугарска страна во Комисијата. Идентитетот на Гоце Делчев и натаму останува главен камен на сопнување, а од речиси 14 точки, историчарите во два дена разгледале само неколку. 

И членот на комисијата од бугарска страна Наум Кајчев смета дека немало речиси никков напредок. Тој за бугарските медиуми изјавил, а пренесе Канал 5 телевизија, дека на состаноците, покрај постоечките, се појавиле дополнителни недоразбирања, а пробем гледа и во очекувања од тие средби.

На прашањето од бугарски новинар дали бугарската страна на граѓаните овде им наметнува нешто што не можат или не сакаат да го прифатат, Кајчев вели дека има такво мислење и логика.

„Има мислење на макеонските колеги е дека тие мора да се водат од очекувањата на општеството. Или, како што кажа еден колега - ако јас објавам дека Гоце Делчев бил Бугарин, ќе бидам обесен на првата улична бандера“, рече Качјев.

Можеби ќе ве интересира

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија