29 Април, 2024
0.0621

Ќе има ли инвеститор на Попова Шапка оваа година?

Објавено во: Економија 10 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Две години се најавува инвеститор во ски-центарот Попова Шапка, но и 2022 започна без конкретно име. Од Владата, поконкретно од кабинетот на вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи, велат дека стратешките инвеститори во секторот туризам се уште не се дојдени на ред, но дека и со нив ќе започне потпишување на договорите.

„Во врска со ски-центарот Попова Шапка од досега пристигнатите апликации за стратешки инвестиции ве информираме дека постои голем интерес за инвестирање во областа на туризмот во Република Северна Македонија. Како што ќе течат постапките, и кога ќе се склучат соодветните договори за секој апликант одделно, така јавноста навремено и прецизно ќе биде информирана за сите детали околу стратешките инвестиции“, велат од кабинетот на Битиќи.

Во изминатиот период австриската ТехноАлпин, најпознатата компанија за инсталирање на системи за производство на вештачки снег во Европа, регистрираше своја компанија во Македонија - МТГМ Индустрија, но и ова засега не е индиција дека ќе има конкретен инвеститор.


- Секоја компанија е добредојдена како инвеститор во Република Северна Македонија, независно во каква форма и на кој начин ќе инвестира во нашата држава. Владата на Република Северна Македонија интензивно работи на овозможување предвидлива деловна клима што е еден од предусловите за привлекување на што поголем број странски инвеститори, додаваат од Владата.

Што се однесува до зимскиот туризам, познавачите велат дека се потребни  инвестиции во вештачко заснежување за да има повеќе скијачки денови во сезоната, но и треба да се размислува за паркинг и за новата гондолска жичара Тетово-Попова Шапка, за да се олесни пристапот. Нормално треба да се инвестира и во нови хотели, во нови ски лифтови, и патеки, за да се добијат поефикасни скијачки денови. 

Засега единствено повпечатлива инвестиција од актуелниот управител на ски-центарот, ЕЛЕМ Трејд, е пуштањето на шестосед жичарницата. И од таму, како и од Министерството за економија, ни одговорија дека секој инвеститор е добредојден за нив, но дека деталите единствено може да ги знаат во Владата.

Во мај минатата година меѓу инвестициите кои ги спомена поранешниот премиер Зоран Заев во инвестицискиот план беше и ски-центарот на Попова Шапка и дека во завршна фаза се преговорите со познат европски инвеститор за евентуално јавно-приватно партнерство

„Пред завршна финална фаза сме на постигање финален договор за инвестиција во скијачкиот центар Попова Шапка – вредност 50 плус 50 милиони евра. Проектот е согласно Законот за концесии и јавно-приватни партнерства или стратешки инвестиции, зависи од последната фаза на договарање. Суштината е издавање на 99 години концесии на еден од најголемите инвеститори во скијачките центри во Европа. Името сè уште останува доверливо, ред е самиот инвеститор да го објави тоа кога ќе биде одлучено“, најави тогаш Заев.

Министерот за економија Крешник Бектеши најави јавен повик за доделување на Попова Шапка како скијачки центар во потполна приватизација или како јавно-приватно партнерство. Според претходни медиумски натписи досега се направени три физибилити студии и секоја чинела над 200.000 евра. Според последната, направена лани, како пожелен модел за приватизација е понуден моделот за јавно-приватно партнерство.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка