Ќе има ли ребаланс на буџетот?
Објавено во: Економија 01 Август, 2018
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека нема потреба од ребаланс на буџетот летово.
Сепак, на есен ќе се прават пресметки дали ќе треба со ребаланс да се покријат одредени потреби со редефинирање на буџетските средства.
„Буџетот сега не покажува индиции дека има потреба за ребаланс. Од септември, како што е тоа законски, ќе се прават пресметки дали треба да се наоправи ребаланс за да се покрие еден мал сегмент на потреби“ - рече Заев.
Премиерот објасни дека зголемувањето на задолжувањето е во рамки на потребното за покривање на дефицитот и раздолжување кон странство.
Во однос на капиталните инвестиции, очекува во наредниот период да се реализира зацртаното.