Ќе има референдум за Косово?
Објавено во: Балкан 28 Јануари, 2018
Можноста да се одржи референдум за статусот на Косово не би претставувало бегање од одговорноста на српските политичари туку демократски чин, вели српскиот вицепремиер, Расим Љајиќ пренесе новинската агенција Танјуг.
„И да се сака да се фингира иден референдум тоа ќе биде многу тешко, имајќи го предвид високото ниво на поларизација кое косовското прашање го повлекува“- изјави Љајиќ.
Изјавата на Љајиќ доаѓа откако српскиот претседател Александар Вучиќ ја отвори можноста Србија да одржи референдум за Косово, преку обврзувачки плебисцит за менување на преамбулата на српскиот Устав во кој Косово е наведено како дел од Србија. Љајиќ изјави дека досегашните референдуми во Србија, кои се однесуваа на Косово, биле „теледиригирани“.