„Ќе направиме сѐ што ќе побарате, само пуштете ја“: Александар Ѓорчевски денеска одговараше на прашања на судијата

Објавено во: Македонија 14 Април, 2025 12:17
Денеска во продолжи распитот на Александар Ѓорчевски, тактото на Вања, која беше свирепо убиена во кое тој повторно објаснуваше детали за потрагата по ќерката и како утврдиле дека возилата во кои се возеле останатите обвинети се можните грабнувачи на неговата ќерка.
Нна прашање на судот Ѓорчевски кажа дека сведокот Гоце Трајковски, кој всушност ги поврзал двете возила со кои беше грабната Вања, дошол кај него во вторникот на 27.11.2023 година, а снимки од надзорните камери почнале да бараат наредниот ден, во среда 28.11.2023 година. Ѓорчевски во детали објаснуваше од каде и по кој редослед ги наоѓале и земале снимките со Трајковски и неговата сопруга, Зорица Ѓорчевска.
- Во средата јас обезбедив снимка од раскрсницата на Наум Наумовски Борче и Орце Николов, од кафулето „Синдикат“. Забележав дека камерата гледа кон улицата каде што би требало Вања да помине. Газдата без двоумење ми ги прати снимките. Зорица обезбеди снимки од седиштето на Окта на Партизанска, а јас отидов на стикче да ги земам снимките. Во вибер групата со родители добив снимки од штедилницата „Папилин“ која е на Партизанска. Толку, од тие 4 места обезбедив снимки, од фризерницата, од кафулето, од Окта и од штедилницата – рече Ѓорчевски.
На прашање на судијата кога сфатиле дека Вања не одела пешки, туку со автомобил стигнала до Фитнес хаус, каде ѝ се губи сигналот на телефонот, Ѓорчевски рече дека тоа веднаш им станало јасно, затоа што невозможно е за толку кратко време пешки, од времето на излегување од дома до таму каде што ѝ се губи сигналот на телефонот, да стигне до Фитнес хаус на Партизанска.
- Тоа што беше сомнително кај ‘цитроенот’ од другите коли е што возеше многу бавно и испушташе многу чад, беше замаглено и хаубата му беше замрзната. Откако во вторникот утврдивме дека пешки не се појавува, се фокусиравме на возилата. Некое средно време, кое би било потребно со возило да се стаса од кај фризерницата до „Фитнес хаус“ е околу 7.28 или 7.29 минути, до кај 7.31 или 7.32 минути. Ги прегледувавме снимките од многу порано, но фокусот беше на тие 4 до 5 минути. Во зависност од тоа како ќе го пуштеа семафорот на Илинденска поминуваа во налет по 4 до 5 возила. Тоа што беше сомнително кај возилото „цитроен“ што се движеше бавно во споредба со другите возила, исфрлаше густ чад од ауспухот, што навестуваше дека е тазе запалено возилото. Целото беше замаглено и хаубата му беше замрзната. Делуваше како да тргнало од непосредна локација тука некаде од кај зградата – објасни Ѓорчевски.
Значи ви стана сомнително врз основа на густиот чад и замрзнатата хауба? И се движеше поразлично од другите возила. Како поразлично? – праша судијата.
- Да - одговори Ѓорчевски, потоа дополни „сите други возеа како да имаат крајна дестинација и цел, а ова возило возеше како изгубено. Се движеше полека, за разлика од другите“.
Прашан на која апликација пратил порака на бројот на Вања до грабнувачите, Ѓорчевски одговори дека пратил две смс пораки, можеби во 13 или 14-15 часот попладне, кога во домот на Ѓорчевски веќе биле дојдени инспекторите.
Тој појасни дека не ги пратил пораките на никаква апликација, туку пратил смс. Првата порака гласела: „Ќе направиме сѐ што ќе побарате, само пуштете ја“. Подоцна се сетил и пратил уште една порака со содржина: „Од родителите“, објаснувајќи дека тоа било со надеж дека ќе го вклучат нејзиниот телефон и ќе им се појават пораките.
Со ова испрашувањето на Александар Ѓорчевски заврши, а судењето продолжува со распитот на првообвинетиот Љупчо Палевски.
Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Фото: Вангел Тануровски
Можеби ќе ве интересира
ВИКЕНДАШИТЕ СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Гужва на Богородица и Табановце

СЕ ОГЛАСИ МИЦКОСКИ: „Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност“

ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ СЕ ПРОСТИ ОД ПАПАТА: „Еден од поинтересните и невообичани понтефикати беше 266-от понтификат на Хорхе Мариа Бергољо“

ВДИШАЛЕ ЧАД И ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА: Пожар во стан во Аеродром

ДОПРВА СЕ ОЧЕКУВААТ ГУЖВИ: Сега за сега на табановце и Богородица се чека по 20 минути

„НЕШТО МИ ЗБОРУВА ДЕКА ВАКОВ ПАПА ТЕШКО ДЕКА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ВАТИКАН ПОВТОРНО“: Ванковска за папата Франциск

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: „Тој објект работел на замижување на сите органи“

ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ СО ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА: Од Анкара го честитаа празникот

„НАМАЛЕНА ПЛАТАТА НА НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ БЕА НА ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ НА КОБНАТА НОЌ И СПАСИЈА СТОТИНА ЖИВОТИ“: ВД градоначалникот на Кочани ја шокираше јавноста
