Ќе не изненади ли есента за викендот?
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2018
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 33 степени. Во Скопје и околината ќе имаме слично време со температура до 31 степен.
Во сабота времето ќе биде сончево со умерена облачност, максималната температура ќе се искачи на 33 степени, а УВ индексот ќе биде 6.
Додека во недела времето ќе биде сончево со мала облачност и со умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне 32 степени.
УВ индексот ќе изнесува 6.
Идната работна недела ќе имаме сончево време со температури околу 30 степени.Дури од 23 септември има најави за дожд и пониски температури.