28 Април, 2024
0.0264

Ќе подели ли „Тетекс“ дивиденда од еден милион евра?

Објавено во: Економија 25 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Привилегија е да се биде акционер во „Тетекс“. Оваа констатација  произлегува од официјалните податоци кои покажуваат дека од добивките за 2014, 2015 и 2016 година компанијата поделила над 440 денари дивиденда по акција. Од тие пари 131 денар ќе бидат доделени со одлука на претстојното акционерско собрание закажано за крајот на идниот месец.

„Тетекс“ ќе подели еден милион евра дивиденда на своите акционери. Ова е предлог одлука што ќе се најде на дневен ред на претстојното акционерско собрание на таа компанија закажано за 27 ноември годинава. Според официјалните достапни податоци, објавени на Берзата, ќе биде исплатена дивиденда која е останата од добивката за лани, како и нераспределени добивки од 2009 до 2015 година. Вкупниот износ на сите нераспределени добивки од 2009 година до 2016 година изнесува 60,3 милиони денари.

Според предлог одлуката бруто дивидендата по акција изнесува 145,7 денари односно во нето износ на домашни физички лица (кои се најбројни акционери во „Тетекс“) таа изнесува 131,1 денар по акција. Во однос на последната пазарна цена на таа акција дивидендата што ќе биде исплатена по претстојното собрание претставува принос од 6,6 отсто, што е солиден принос.. Последната пазарна цена на таа акција изнесува 1.980 денари. Последен трговски ден со право на дивиденда е 12 декември 2017 година.

Колку дивиденда исплати „Тетекс“ во последниве три години?

„Тетекс“ е една од ретките домашни компании која исплаќа редовно солидни износи дивиденда на нејзините акционери. Кумулативно во последните три години (добивките за 2014, 2015 и 2016 година) 

Тетекс (ќе) исплати на своите акционери дивиденда во вкупен износ од 442 денари. 

За акционерите кои ја чуваат таа акција уште од 2015 година, кога беше поделена првата дивиденда, износот на дивидендата што е поделена е еднаков или можеби и поголем од тогашната цена која пред три години беше пониска од 400 денари за акција. Континуираниот процес на поделба на дивиденда донесе до тоа акцијата на „Тетекс„ во период од една година наназад да доживее раст кој беше особено интензивен во јули до кога акцијата беше на ценовно ниво од 1.200 денари. За период од еден месец, до почетокот на август, цената на таа акција порасна за 700 денари до ниво од 1.900 денари. 
Од добивката за 2014 година добивката беше 89 денари, а за 2015 година додели 100 денари. Во 2016 година компанијата веќе подели 122 денари дивиденда, а сега уште една „тура“ во која во бруто износ добивката е 145,7 денари.

„Тетекс“ е доминантно поседувана домашна компанија. Најголем поединечен акционер е Глигорие Гоговски, долгогодишен прв човек на компанијата, кој своевремено бил последен премиер на социјалистичка Република Македонија. Гоговски поседува 12,76 отсто од акциите во „Тетекс“. Другите 1.244 домашни физички лица акционери во таа компанија поседуваат заедно 82,17 отсто од акциите. Другите акции ги поседуваат 19 домашни правни лица кои поседуваат 3,6 отсто од акциите и 8 странски правни лица кои имаат 1,2 отсто од управувачките права. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма