06 Мај, 2024
0.0238

Ќе профункционира заеднички пазар на Западен Балкан

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Лидерите на Западен Балкан, денеска на состанокот во рамките на Берлинскиот процес, се согласија да ја зајакнат економската соработка во регионот преку развој на Заеднички регионален пазар, заснован на правилата и стандардите на ЕУ, за да се зголеми привлечноста и конкурентноста на регионот и да се приближи регионот до ЕУ.

Акцискиот план, ги утврдува чекорите кон воспоставување на Заеднички регионален пазар (ЗРП) со Регионална трговска зона заснована на четирите слободи и проширена со дигитални, инвестициски и иновативни и индустриски области. Со население од скоро 18 милиони луѓе, регионот на Западен Балкан е важен пазар за балканските компании и „отскочна даска“ кон ЕУ и глобалните пазари. Ова е причината зошто регионалната економска интеграција може да генерира дополнителни до 6,7% раст на БДП во регионот.

ЦЕФТА ќе преземе активна улога во спроведувањето на клучните активности од планот. Во следните четири години, ЦЕФТА ќе се фокусира на конкретни резултати во корист на нашите компании и граѓани. Воспоставувањето на Регионална трговска зона заснована на слободно движење на стоки, услуги, капитал и луѓе ќе овозможи:

·  Намалување на времето на чекање на граничните премини за 30% со спроведување на пакет мерки што вклучуваат проширување на Зелените коридори и поедноставување на процедурите поддржани од Систематска Електронска Размена на Податоци SEED +

·  Намалување на трошоци и бирократијата преку програми за заемно признавање

·  Олеснување на е-трговијата преку обезбедување пристап до сите пазари во регионот.

·  Овозможување брзо приклучување кон единствениот пазар на ЕУ.

„Интегрираниот пазар од 18 милиони луѓе е поконкурентен на европската и глобалната сцена и попривлечен за странските инвеститори. Понатаму, воспоставувањето на Заеднички регионален пазар ќе му помогне на регионот во процесот на усвојување на стандардите на ЕУ и приближување кон единствениот пазар на ЕУ. “- рече г-дин Емир Ѓикиќ, директор на ЦЕФТА Секретаријатот, денеска на Самитот во Софија.

ЦЕФТА ќе биде клучна за спроведување на најважните активности во Регионалната трговска област, но исто така и во другите области на планот, заедно со Советот за регионална соработка, Транспортната заедница, Форумот за инвестиции во Комората на WB6 и други партнери.

„Ние сакаме да ја промовираме е-трговијата и трговијата „без хартија “, но исто така веруваме дека Заедничкиот регионален пазар ќе обезбеди развој на регионалната агро-прехранбена индустрија, ќе привлече глобални инвеститори и ќе создаде нови работни места, како и ќе ги зголеми изборот и понудата на добра и услуги по пониски цени. “- истакна г-дин Ѓикиќ.

ЕУ останува клучен партнер за Западен Балкан во спроведувањето на овој амбициозен и трансформативен Акциски план, бидејќи силниот и просперитетен Западен Балкан претставува неизоставен придонес кон европската економија и безбедност и помага во обликувањето на иднината на нашиот заеднички континент.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години