02 Мај, 2024
0.0251

Ќе се намали бројот на работници во градежништвото?

Објавено во: Економија 12 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Очекувањата за вкупните договори за градежни работи се поповолни, а очекувањата за бројот на вработени се дека ќе се намали во наредните три месеци.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во четвртото тримесечје лани е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на претходното тримесечје. 

Тој пораснал за 2.0 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2015 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Оценката за економската состојба во четвртото тримесечје од 2016 е поповолна во однос на претходното  тримесечје, а поповолна е и во однос на четвртото тримесечје од 2015 година. Оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е речиси на еднакво ниво како во претходното тримесечје,  а оценката за финансиската состојба е понеповолна во споредба со третото тримесечје од 2016 година.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на  механизацијата и опремата во четвртото тримесечје од 2016 година се над нормалата.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 18.9%, камати со 14.8%, конкуренцијата во секторот со 12.5% и нема побарувачка со 12.5%.


Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности