КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите
Објавено во: Економија 02 Мај, 2024
Откако лани оствари одличен профит, односно двојно повисок од претходните години, редно е „Витаминка“ да подели и дивиденда за своите акционери.
Од компанијата велат дека тоа се случува после три години во кои остварените добивки се користеле за други намени, односно за резерви и за инвестициски вложувања.
На 31 мај оваа година ќе се одржи Собрание на акционери, на кое ќе се одлучува за распределба на добивката за минатата година, а еден од предлозите кој ќе се најде како точка на дневен ред, е и тпој дел од ланскиот профит да се употреби за дивиденди на акционерите.
Притоа, остварената добивка од редовно работење по оданочување во „Витаминка“ лани изнесуваше 1,1 милиони евра.
Намерите се дел од добивката да оди за инвестиции, односно како реинвестирана добивка, и тоа сума од 631 илјади евра, додека, пак, како износ на бруто дивиденда се предвидува да се наменат 483 илјади евра.
Според Законот за трговските друштва:
„Акционерите имаат право на учество во добивката, освен ако, според одлуката на
собранието за употреба на добивката, донесена врз основа на закон или на
статутот, добивката е изоставена од распределбата меѓу акционерите“.
Овој закон исто така предвидува дека Собранието одлучува за распоредување на добивката, и тоа за износот од добивката за покривање на загубата од минати години (доколку таква има), за износите коишто се внесуваат во законските и во статутарните резерви на друштвото, за износот којшто се исплатува во вид на дивиденда, за дополнителните издатоци врз основа на одлуката, за евентуалниот пренос на добивката во наредната година (акумулираната добивка), како и за износот на добивката со којшто ќе се изврши зголемување на основната главнина на друштвото и износот од добивката за инвестиции.
Од компанијата велат дека во претходните три години распределувале средства за инвестиции, со цел да се модернизира производството.
„Може да се констатира дека друштвото оствари позитивни финансиски резултати, иако станува збор за кризни години на работење. Претходните три години, друштвото распределуваше средства за резерви за инвестиционо вложување поради зголемениот обем на инвестиции и модернизирање на техничко-технолошките процеси“, се вели во образложението на компанијата.
Во „Витаминка“ најголем акционер е Симон Наумовски, кој поседува 29,48 отсто од капиталот на прилепсклата фабрика, и кој сразмернол на своето проценуално учество во капиталот на компанијата, ќе добие над 142 и пол илјади евра.
Втор по големуина акционер е неговиот син Сашо Наумовски, кој поседува 7,03 отсто и кој сразмерно би требало да добие 55 илјади евра, додека, пак, Кирил Божиноски, кој поседува 6,04 отсто, ќе добие 29 илјади евра.
Други акционери во компанијата се Стеван Игнатоски, со 5,98 отсто од акциите, Марика Наумоска со 5,21 отсто, а Наташа Стојкоска има 5,12 проценти од акционерскиот капитал на компанијата.
Покрај нив, има и 184 домнашни физички лица кои поседуваат извесен процент акции.
Инаку, Фактор објави како настана двојно зголемената добивка на Витаминка.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.