06 Мај, 2024
0.0250

ЌЕ СЕ ЗНАЕ НА СРЕДИНАТА НА ДЕКЕМВРИ: Можно ли е струјата да поскапи поради прекинатото производство во хидроцентралите

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Откако Владата одлучи да го прекине призводството на електрична енергија од хидроцентралите, од причина што е намален водостојот во природните и вештачките езера, и мора да се спречи да се загрози животинскиот свет, што всушност ја наметнува потребата од увоз на струја, автоматски се поставува прашањето дали ќе поскапи електричната енергија за нашите граѓани. 

За тв Сител од државните електрани, ЕСМ, изјавиле дека сеуште е рано да се формира нова цена, а до крајот на годината ќе важи постојниот шестмесечен договор меѓу ЕСМ и Универзалниот снабдувач. За првите три месеци од наредната година, цената ќе се знае до средината на декември.

,До 31.12.2020 година на сила е шестмесечниот договор со Универзалниот снабдувач, и струјата од страна на ЕСМ ќе му се испорачува по цената која ЕСМ ја даде на тендерот распишан од него. Берзанските цени на струјата за првото тромесечје во 2021 година ќе бидат познати на 15.12.2020 година, а потоа и за вториот квартал. Тогаш ќе се прават и пресметките за цената која ЕСМ ќе ја даде на тендерот на Универзалниот снабдувач за испорака на струја за периодот 1 - 6. 2021 година. Во овој момент е рано да се формира цената, но АД ЕСМ континуирано работи на намалување на производната цена на струјата со цел на обезбеди стабилност на истата за домаќинствата, односно за крајните потрошувачи“, се вели во дописот од ЕСМ.

А од Регулаторна комисија за енергетика за телевизијата уверувале дека нема да дозволат нов скок. 

Во август годинава струјата поскапе за 7,4 процетни  со образложение дека државните енергетски компании поради пандемијата имале намалени приходи.

Можеби ќе ве интересира

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК